20 септември
датум
<< | септември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 |
8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 |
15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 |
22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 |
29 | 30 | |||||
2024 |
20 септември — 263-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (264-и во престапна година). Остануваат 102 денови до крајот на годината.
Настани:
331 п.н.е. | На реката Тигар, во Месопотамија, војската на Александар Македонски се судрил со главнината на персиската војска на царот Дариј III. Персијците имале околу милион војници, а Александар Македонски помалку од 50.000. Овој судир во историјата е познат како „Битка кај Гавгамела“. |
1519 | Португалскиот морепловец Фернандо Магелан во служба на шпанскиот крал Карло V, од Сан Лукар во Шпанија со својата експедиција од пет бродови тргнал на пат околу светот со цел да го открие западниот пат за Индија и во освојување на колонии за шпанската династија. Во 1520 година ги испитал југоисточните брегови на Јужна Америка и го открил според него наречениот Магеланов Проток и преку него поминал во океанот кој го нарекол Тихи (Пацифик). Загинал на Филипинските Острови во борба против домородците, на 27 април 1521 година. Другиот дел од експедицијата се вратил во Шпанија. Така било докажано дека Земјата е тркалезна и дека новиите краишта што ги открил Колумбо не се дел од Индија, туку посебен континент. |
1950 | Централната народна влада го усвојува грбот на НР Кина. |
1963 | Американскиот претседател Џон Кенеди на заседанието на Генералното собрание на ООН предложил заедничка советско-американска експедиција на месечината. |
Родени:
1377 | Албрехт IV — војвода од Австрија. |
1859 | Никола Начов — бугарски писател. |
1878 | Аптон Синклер — северноамерикански писател и публицист. |
1917 | Обдулио Варела — уругвајски фудбалер. |
1920 | Сергеј Бондарчук — советски сценарист, режисер и глумец. |
1921 | Чико Хамилтон — американски џез-музичар. |
1934 | Софија Лорен — италијанска глумица. |
1940 | Таро Асо — јапонски политичар. |
1955 | Тодор Чепреганов — македонски историчар. |
1956 | Стив Колмен — американски џез-музичар. |
1957 | Владимир Ткаченко — украинско-руски и советски кошаркар. |
1960 | Алис Браун — американска атлетичарка. |
1969 | Ричард Вичге — холандски фудбалер. |
1975 | Хуан Пабло Монтоја — колумбиски автомобилист. |
1980 | Густав Ларсон — швајцарски велосипедист. |
1980 | Игор Вори — хрватски ракометар. |
1989 | Алфредо Балони — италијански велосипедист. |
1993 | Јулијан Дракслер — германски фудбалер. |
1995 | Роб Холдинг — англиски фудбалер. |
Починале:
1736 | Ахмед III — османлиски султан. |
1863 | Теодор Фонтане — германски писател. |
1898 | Јакоб Грим — германски филолог и фолклорист, собирач на народни умотворби. |
1930 | Гомбоџаб Цибиков — руски истражувач. |
1961 | Анджеј Мунк — полски режисер. |
1983 | Анхел Лабруна — аргентински фудбалер. |
1998 | Јордан Леов — македонски писател. |
1994 | Цеко Стефанов — македонски поет. |
2000 | Герман Титов — советски космонаут. |
2006 | Свен Никвист — шведски кинематограф. |
2024 | Радмила Живковиќ — српска глумица. |