<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

3 ноември — 307-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (308-и во престапна година). Остануваат 58 денови до крајот на годината.

Настани:

1903  Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
1906  Германскиот психијатар Алојз Алцхајмер го објавил извештајот за болеста која подоцна била наречена по него.
1918  Во Падова, Италија, Австроунгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австроунгарија.
1944  На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донел решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944  Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951  Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година, Отсекот за правни науки се одвоил како посебна високообразовна институција.
1965  Излегол првиот број на весникот на Општина Прилеп „Народен глас“.
1970  Салвадор Аљенде ја презел должноста претседател на Чиле, како прв марксист во западната полутопка, избран на слободни избори.
1992  Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја известил Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993  Република Македонија добила статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004  Републиканецот Џорџ Буш, по вторпат е избран за претседател на САД. На должноста стапил на 20 јануари 2001 г.

Родени:

1500  Бенвенуто Челини — италијански вајар, златар и сликар.
1749  Даниел Радерфорд — шкотски физичар и хемичар.
1801  Винченцо Белини — италијански композитор.
1901  Леополд III — крал на Белгија.
1901  Андре Малро — француски писател, теоретичар и министер за култура.
1936  Рој Емерсон — австралиски тенисер.
1945  Герд Милер — германски фудбалер.
1963  Ијан Рајт — англиски фудбалер.
1971  Унаи Емери — шпански фудбалер и тренер.
1979  Пабло Ајмар — аргентински фудбалер.
1986  Максим Буе — француски велосипедист.
1992  Вили Орбан — унгарски фудбалер.
2000  Сержињо Дест — американски фудбалер.

Починале:

1954  Анри Матис — француски сликар и вајар.
1988  Круме Кепески — македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата македонска граматика.
1989  Никола Солдатов — познат македонски новинар.
1995  Бојан Адамич - словенечки композитор.
2007  Александар Дедјушко — руски глумец.
2010  Виктор Черномирдинпремиер на Русија.
2018  Сондра Локе — американска глумица.
2024  Квинси Џонс — американски музичар и продуцент.

Празници:

* Ден на независност на Панама (1903), Доминика (1978) и Микронезија (1986).
  NODES
Done 1