5 август — 217-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (218-и во престапна година). Остануваат 148 денови до крајот на годината.

<< август >>
Н П В С Ч П С
01 02 03
04 05 06 07 08 09 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
2024
Нелсон Мандела
Мерилин Монро

Настани:

1305  Вилијам Волес, водачот на Шкотите во нивната борба против Англија е заробен од Англичаните во близина на Глазгов и е одведен во Лондон за судење и погубување.
1789  Нецел месец по почетокот на револуцијата, Националното собрание на Франција ги укинало привилегиите на аристократијата и свештенството, со што практично го укинало феудализмот.
1858  Поставен е првиот прекуатлантски кабел со кој се воспоставени телеграфски врски меѓу Канада и Велика Британија.
1884  На влезот на њујоршкото пристаниште е поставен камен-темелник на Статуата на слободата.
1962  Затворен е Нелсон Мандела. Од затвор нема да биде пуштен сè до 1990 година.
1974  Американскиот претседател Ричард Никсон, предавајќи му ја магнетофонската лента на истражниот судија, јавно призна дека учествувал во прикривањето на аферата „Вотергејт“.

Родени:

1802  Нилс Хенрик Абелнорвешки математичар.
1844  Иљја Репин — руски сликар.
1850  Ги де Мопасанфранцуски писател.
1862  Џозеф МерикБританец со огромни деформитети на телото, познат како „Човекот-слон“.
1874  Весли Мичеламерикански економист.
1898  Василиј Лебедев-Кумачсоветски поет.
1906  Џон Хјустонамерикански филмски режисер.
1906  Василиј Леонтјевамерикански економист, добитник на Нобеловата награда во 1973 година.
1911  Роберт Тејлорамерикански глумец.
1930  Нил Армстронгамерикански космонаут, првиот човек што стапнал на Месечината.
1948  Реј Клеменс — англиски фудбалер.
1962  Патрик Јуингамерикански кошаркар.
1964  Зоран Сретеновиќ — српски и југословенски кошаркар и тренер.
1968  Марин Ле Пенфранцуска политичарка.
1971  Валери Карпов — руски и советски хокеар.
1975  Владимир Петриќ — српски ракометар.
1976  Дамир Скомина — словенечки фудбалски судија.
1982  Микеле Пациенца — италијански фудбалер.
1985  Саломон Калу — фудбалер од Брегот на слоновата коска.
1993  Себастијан Енао — колумбиски велосипедист.
1995  Стефано Сенси — италијански фудбалер.
2004  Гави — шпански фудбалер.

Починале:

1895  Фридрих Енгелсгермански филозоф и економист.
1962  Мерилин Монроамериканска филмска глумица.
1983  Џоан Робинсон — англиска економистка.
1984  Ричард Бартон — велшки глумец.
1998  Тодор Живковбугарски комунистички водач од 1956 до 1989 година.
2000  Алек Гинисбритански глумец.
2005  Полина Астаховасоветска гимнастичарка.
2019  Тони Морисонамериканска писателка.


  NODES
os 2