AH-64 Апачи (англ. AH-64 Apache) е двомоторски, со четири перки борбен хеликоптер со кабина за двајца пилоти, т.е. пилот и копилот кој потекнува од САД. Апачи е пуштен во употреба како "Mодел 77" од компанијата "Hughes Helicopters" за замена на хеликоптерот AH-1 Cobra. Апачи првпат летнал на 1 октомври 1975 година. Тој е тотално компјутеризиран и има многу современи особини, како што се сензорот за детекција на непријатели кој му е вметнат на носот и системот за гледање навечер. Апачито е вооружан со 30 mm M230 митралез измеѓу тркалата и "стомакот" на хеликоптерот. Исто така Апачито има и AGM-114 Hellfire и Hydra 70 ракети наместени на специјални крила од двете страни. Апачито е многу безбеден хеликоптер, има системи кој помаат при преживување во случај на пад на хеликоптерот. Апачито има повеќе варијанти, меѓу кои AH-64A, AH-64В, AH-64С и AH-64D.

AH-64 Апачи

Армијата на САД го избра Апачи како замена за Bell YAH-63 во 1976 година. Во 1982, Армијата го одобри понатамошното производвство на Апачито. Компанијата McDonnell Douglas продолжи со констукција на овие хеликоптери, откако ја купи "Hughes Helicopters" од компанијата "Summa Corporation" во 1984 година. На 15 април 1992 година, првиот Апачи AH-64D полетал, а првиот хеликоптер им бил даден на Армијата во пролетта 1997 додина. Во август 1997, "Boeing" и "McDonnell Douglas" се споија и ја сочинија "The Boeing Company". Денеска сѐ уште се произведуваат AХ-64 Апачи хеликоптери.

Корисници

уреди
  • Египет - 36 AH-64A хеликоптери, но подоцна биле заманети со AH-64D хеликоптери во јан. 2008.
  • Грција - Армијата на Грција има 20 AH-64A и 11 AH-64D хеликоптери во јан. 2008
  • Израел - 37 AH-64A, и 11 AH-64Ds во употреба во јан. 2008.
  • Јапонија - 50 AH-64D од 2005, со 2 AH-64 во јан. 2008.
  • Кувајт - 16 AH-64D од 2004, со 6 AH-64D во јан. 2008.
  • Холандија - 30 AH-64D од 2005, со 29 AH-64D во употреба од 2008.
  • Саудиска Арабија - 2 AH-64A во употреба. Тие ќе бидат заменети со AH-64D Longbow во 2010.
  • Сингапур - има 18 AH-64D во употреба јан. 2008
  • ОАЕ - има 30 AH-64A од 2005. ОAE има 12 AH-64A и 14 AH-64D во употреба во јан. 2008
  • Велика Британија - има своја варијанта на АХ-64 Апачи.
  • САД - има 698 AH-64 (241 AH-64A, и 457 AH-64D) во употреба во јан. 2008.

Особености

уреди

Генерални одлики

уреди
  • Екипаж: 2: пилот, копилот
  • Должина: 17.73 m (кога работат двата ротора)
  • Пречник на роторите: 48 ft (14.63 m)
  • Висина: 3.87 m
  • Плоштина на дисковите: 168.11 m²
  • Тежна (празен): 5,165 кг
  • Тежина (полн): 8,000 кг
  • Макс. тежина за полет: 10,433 кг
  • Мотори: 2× General Electric T700-GE-701 подоцна додадени T700-GE-701C (1990-до денес) & T700-GE-701D (AH-64D block III) мотори, -701: 1,690 КС, -701C: 1,890 КС, -701D: 2,000 КС (-701: 1,260 kW, -701C: 1,490 kW, -701D: 1,490 kW) секој
  • Ротори: 4 перки преден ротор, 4 перки заден ротор

Перформанци

уреди
  • Графиран: 197 јазли (227 mph, 365 км/ч)
  • Макс. брзина: 158 јазли (182 mph, 293 км/ч)
  • Нормална брзина: 143 јазли (165 mph, 265 км/ч)
  • Полупречник на радар: 260 nmi (300 mi, 480 км)
  • Дострел: 1,024 nmi (1,180 mi, 1,900 км)
  • Макс. висина: 6,400 m
  • Брзина на качување: 12.7 m/s
  • Моќност: 0.18 КС/lb (310 W/kg)

Вооружување

уреди
  • Митралези: 1× 30x113 mm во M230 топ, 1,200 куршуми
  • Ракети: Hydra 70 FFAR ракети
  • Проектили: кобинација од AGM-114 Hellfire, AIM-92 Stinger, и AIM-9 Sidewinder

Галерија

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES
os 1