Daimler AG порано Даимлер Крајслер е германска автомобилска корпорација. Со единица за продажба, тој е тринаесетти најголем производител и втор по големина производител на најголемите камиони во светот. Во прилог на автомобилите, Даимлер произведува автобуси и обезбедува финасиски услуги преку финансиските услуги на Даимлер. Компанијата исто така го поседува поголемиот дел на акции во воздушната група на ЕАДС, високата-технологија и матичната компанија на Водафон (Vodafon) Мекларен Мерцедес тркачкиот тим на Мекларен Групата( која што моментално е во процес за да се здобие со целосно независен статус на правно лице), и јапонскиот производител на камиони Мitsubishi Fuso Truck и автобуската корпорација. Даимлер Крајслер е основан во (1998-2007 година) кога Мерцедес- Бенз производителот на Даимлер-Бенз(1926-1998) во Штутгарт, Германија се спои со седиште во САД- врз основа на Крајслер Корпорацијата во 1998 година. Договорот создаде нова можност за независност, на Даимлер Краислер. Сепак, откупот не успеа да го создаде трансатлантскиот автомобилски центар за којшто се надеваа оние коишто го создадоа договорот, и Даимлер Краислер на 14 мај 2007 година објави дека тој ќе го продаде Крајлсер на Церберус Капитал Менаџмент на Њујорк, приватен капитал на фирмата која што е специјализирана во реструктуирање на проблематичните компании. На 4 октомври 2007 година на вонредниот состанок акционерите на Даимлер Крајслер се одобри преименувањето на компанијата. Од 5 октомври 2007 година, компанијата беше наречена Дамлер АГ. Американската компанија го присвои името Крајслер ЛЛЦ коха на 3 август 2007 година се заврши продажбата. Даимлер произведува автомобили и камиони под брендовите на Мерцедес Бенз Мајбах, Смарт, Фреигхтлиер и многу други.

Историја

Даимлер АГ е германски производител на автомобили, моторни возила, и машини, и датира повеќе од еден век. Договорот за заеднички интерес беше потпишан на 1 мај 1924 година помеѓу Benz & Cie ( основани во 1883 година) од Карл Бенз и Заедницата на Даимлер моторите ( основана во 1890 година) од страна на Готлиб Даимлер и Вилхелм Мајбах. Двете компании продолжија да ги произведуваат одделно нивните автомобили и брендови на мотори со внатрешно согорување, сè до 28 јуни 1926 година, кога Benz & Cie и Заедницата на Даимлер моторите АГ официјално се споија – и станаа Даимлер- Бенз АГ- и се согласија дека потоа, сите фабрики ќе го користат бренд името на Мерцедес Бенз на нивните автомобили. Во 2007 година , Крајслер групата беше продадена за Цеберус Капитал Менаџмент ( види подолу) името на матичната компанија беше променето на Даимлер АГ ( Daimler AG).

Хронологија на Даимлер АГ

Benz & Company, 1883- 1926 година Заедницата на Даимлер моторите АГ, 1890- 1926 година Заедницата на Даимлер- мотори (ДМГ) ( Корпорација Даимлер мотори) беше германски мотор и подоцна производител на автомобили, во работењето од 1890 година сè до 1926 година. Основана од Готлиб Даимлер и Вилхелм Мајбах, најпрво беше основана во Канштад( денес Бад Канштад, град којшто е во областа на Штутгарт). Даимлер почина во 1900 година, и нивниот бизнис беше преместен во 1903 година во Штутгарт – Унтертуркхајм , откако првата фабрика беше уништена од пожар, и повторно во Берлин 1922 година. Другите фабрики беа сместени во Мариенфелде ( во близина на Берлин) и Синделфинген ( веднаш до Штутгарт). Претприемништвото започна да произведува бензински мотори, но по успехот на мал број на тркачки автомобили, коишто беа направени според договорот од Вилхелм Мајбах за Емил Јелинек, се започна со производството на моделот на Мерцедес од 1902 година. По ова, производство на автомобили се прошири и со тоа стана главен производ на ДМГ, и тоа создаде неколку различни модели. Поради кризите, коишто настанаа по Првата светска војна, ДМГ во 1926 година се спои со Benz & Cie, и стана Даимлер- Бенз( Daimler- Benz) и го присвои Мерцедес- Бенз како своја автомобилска марка. Поголемо спојување се случи во 1998 година со Крајслер (Chrysler) за да стане ДаимлерКрајлслер (DaimlerChrysler). Во 2007 година името конечно се промени само во Даимлер АГ( Daimler AG) кога Крајслер ( Chrysler) се продаде. Даимлер-Бенз АГ ( Daimler- Benz AG), 1926-1998 година ДаимлерКрајслер (DaimlerChrysler AG), 1998-2007 година Даимлер АГ (Daimler AG), 2007 година- сè до денес

„ Спојување на Еднаквите“

Спојување со Крајслер Поранешното лого на Даимлер АГ (Daimler AG) како ДаимлерКрајслер АГ ( DaimlerChrysler AG). Во 1998 година Даимлер-Бенз АГ „се спои“ со американскиот произведувач на автомобили Крајслер Корпорација со размена на акции и го создаде ДаимлерКрајслер АГ. Условите на спојување беше дозволено од неавтомобилските бизниси на Даимлер-Бенз како што е Даимлер –Бенз меѓународни сервиси АГ (Daimler- Benz InterServices AG) Дебис ( основана во 1989 година за да се справи со обработката на податоци, финансиски и осигурителни услуги, и менаџмент за недвижнини за Даимлер групата) да продолжи да ги извршува нивните стратегии за проширување. Дебис објави приходи од $8.6 милијарди ( 15, 5 милијарди Германски марки) во 1997 година. Проблематичната врска

Спојувањето беше спорно , поради тоа што инвеститорите лансираа тужби околу тоа дали трансакцијата беше „ спојувањето на еднаквите“ како што тврди сениор менаментот или всушност , се произнесува преземањето на Крајслер од страна на Даимлер-Бенз. Со одлична акција на инвеститорот ,тужбата беше решена во август 2003 година за 300 милиони американски долари, додека една понуда од милијардер инвеститор активист Крик Керкориан се пропушти на 7 април 2005 година. Трансакцијата ја покажува работата на нивниот архитект Јурген Е. Шремп , којшто поднесе оставка на крајот од 2005 година , поради падот на цената на акциите на компанијата по трансакцијата. Спојувањето исто така беше предмет на книгата Употребено за возење: Како Даимлер- Бенз ппбегнал со Крајслерот,( 2000 година), од Бил Власич и Бредли А. Стертц. Друго прашање е дали спојувањето ги пренесе ветените синергии и успешно ги интегрираше двата бизниса. Најдоцна до 2002 година, ДаимлерКрајслер застапуваше две линии на производи. Подоцна таа година, компанијата имаше производи коишто воведоа два елемента од двете страни на компанијата, вклучувајќи го и Крајслер Кросфајр( Chrysler Crossfire), којшто се заснова на платформата на Мерцедес СЛК и користи 3.2 L V6 Мерцедес, и Dodge Sprinter/ Freightliner Sprinter. Четвртата генерација Jeep Grand Cherokee е врз основа на Мерцедес Бенз М-класата и покрај фактот дека е речиси четири години по поделбата на Даимлер/Крајслер.

Продажба на Крајслер

Крајслер претрпе серија на неуспеси во последните неколку години, кулминирајќи во согласност со договорот на Даимлер Крајслер да го продаде делот на Церберус Капитал Менаџмент (Cerberus Capital Menagement) во мај 2007 година за 6 милијарди американски долари. Низ поголемиот дел од својата историја , Крајслер е трет по големина на „Big 3“ производители на автомобили во САД, но во јануари 2007 година, Даимлер Крајслер, со исклучок на луксузните линии на Мерцедес и Мајбах , исто така ја достигна вредноста на второто место со Форд(Ford), зад General Моtors и Тојота. Крајслер обајви загуби од 1.5 милијарди американски долари во 2006 година. Тоа потоа објави планови за отпуштање на 13.000 вработени во средината на февруари 2007 година, ја затвори главната фабрика и го намали производството во другите фабрики за да се врати профитабилноста од 2008 година. Даимлер Крајслер дозволуваше други производители на автомобили и инвеститорски групи да го продадат Крајслер во почетокот на 2007 година. General Motors беше ставен да биде како кандидат додека Volkswagen, Рено-Нисан авто алијансата, и Хјундаи Мотор Компани(Hyndai Motor Company) изјави дека тие не се заинтересирани за купување на компанијата. На 3 август 2007 година, Даимлер Крајслер ја заврши продажбата на Крајслер Групата на Церберус Капитал Менаџмент(Cerberus Capital Menagement). Во оригиналниот договор се вели дека Церберус ќе земе 80.1 процент акции во новата компанија, Крајслер Холдинг ЛЛЦ (Chrysler Holding LLC). Даимлер Крајслер го промени името во Даимлер АГ и ги задржа преостанатите 19,9 % акции во одделениот Крајслер. Условите велат дека Даимлер му плати на Церберус 650 милиони американски долари за да го преземе Крајслер и одговорностите во негови раце. Од куповната цена од 7.4 милијарди американски долари, Церберус Капитал Менаџмент ќе инвестира 5 милијарди американски долари во Крајслер Холдингс и 1.05 милијарди американски долари во финансискиот дел на Крајслер. Даимлер АГ прими 1.35 милијарди долари дирекно од Церберус но дирекно инвестираше 2 милијарди долари во Крајслер. Од банкротот на Крајслер во 2009 година кое што се случи во САД, Крајслер беше под контрола од италијанскиот производител на автомобили Фиат, којшто за разлика од Даимлер планира да ги интегрира производите на Крајслер во портфолиото на Фиат, особено „Ланча“ и истоимениот бренд на Крајслер.

Рено-Нисан и Даимлер Алијансата

На 7 април 2010 година власта на Рено-Нисан , Карлос Госн и Д-р Дитер Цетче објавија партнерство помеѓу трите компании на заедничка прес конференција.

Управување

Д-р Дитер Цетче е претседателот на Даимлер и шеф на Мерцедес-Бенз автомобилите од 1 јануари 2006 година , исто така е и член на одборот на директори од 1998 година. Тој бил поранешен претседател и извршен директор на Крајслер, ЛЛЦ( претходно во сопственост на Даимлер АГ), во САД тој можеби е најдобро познат како д-р З од кампањата за рекламата на Крајслер која што беше наречена „ Прашајте го д-р З“. Сегашните членови на управниот одбор на Даимлер АГ се:

-д-р Dieter Zetsche: Претседател на Одборот, како и шеф на Мерцедес-Бенц автомобили.--- д-р Волфганг Бернард: Раководител на Мерцедес-Бенц Автомобили набавки и производство.

- Вилфред Порт: Раководител за човечките ресурси и работните односи. - Андреас Реншлер: Раководител на Дајмлер Камиони. - Бодо Убер: Раководител на финансии и контрола како и раководител на финансиски услуги. - д-р Томас Вебер: Раководител на групата за истражување и развој на Мерцедес-Бенз автомобилите. Сегашни членови на Надзорниот одбор на Дајмлер АГ се: Хајнрих Флегел,Јирген Хамбрехт, Томас Kлебе, Ерих Клем, Арно Лагардер, Јирген Лангер,Хелмут Ленсе, Сари Бладауф, Вилијам Овенс, Ансгар Осефорт, Валтер Санчес, Манфред Шнајдер, Стефан Шваб, Бернард Валтер, Линтон Вилсон, Марк Воснер, Манфред Бишоф, Клеменс Борсигант Уве Вернер. Д-р Манфред Бишоф служи како претседател на Надзорниот одбор на Дајмлер АГ и Ерих Клем како заменик-претседател.

Акционерска структура

по сопственост - Aabar Investvensts (Обединети Арапски Емирати): 9.0% - Орган на Kuwait Investments (Кувајт): 6,9% -Рено (Франција): 1.55% -Нисан (Јапонија): 1.55% - Институционални инвеститори: 61.9% - Приватни инвеститори: 19.1% По региони: -28,2 % Германија -36,9 Останат дел од Европа -15,4% САД -9,0% Обединети Арапски Емирати -6,9% Кувајт -3,6% останати

Марки

Даимлер продава автомобили во светот под следниве марки: -Мерцедес-Бенз автомобили( Mercedes-Benz Cars) -Мајбах(Maybach) -Мерцедес-Бенз (Mercedes-Benz) -Смарт (Smart) Смарт( Smart) е автомобилска гранка на Даимлер АГ. Смарт е гермаснки производител на мали автомобили коишто се произведени во Хамбах, Франција и Беблинген, Германија. Тоа се пласира како „најпаметното“ Смарт бренд лого, а од 2010 година, буквата „C“ е за „ компактен“ , а стрелата е за „ напредно размислување“.

Потекло

Во доцните 1980-ти години, СМХ( творците на Swatch бренд за часовници) ЦЕО Николас Хаек започнал да развива идеја за нов автомобил со помош на истиот вид на производство на стратегии и персонализирани карактери коишто биле употребени за да ги направат часовниците на Swatch популарни. Тој верувал дека автомобилската индустријаго игнорир секторот на потенцијални клиенти коишто сакаат мал и стилски градски автомобил. Оваа идеја наскоро станала позната како „Swatchmobile“. Приватната компанија на Хајек, Хајек Инжинеринг АГ( Hayek Engineering AG) започна со дизајнирање на нов автомобил за СМХ, со место за седење за двајца и хибридна моќ. Додека се спроведуваше дизајнот на автомобили, Хајек се плашел од тоа дека постојаните производители ќе се чувствуваат загрозени од Swatchmobile. Така, наместо дирекно да се натпреваруваат, тој претпочитал да соработува со друга компанија од автомобилската индустрија. Ова исто така ќе ослободи СМХ товар од трошоците во поставување а дистрибутивната мрежа. Хајек овозможи неколку автомобилски производители и на 3 јули 1991 година тој постигна договор со Фолксваген(Volkswagen) за да го сподели развојот на новиот проект. Од 1993 година Фердинанд Фич стана извршен директор на Фолксваген(Volkswagen) и тој веднаш се обиде да го прекине проектот со СМХ. Фолксваген( Volkswagen) веќе работеше на својот „ три-литарски автомобил“: автомобил на кој ќе му требаат три литри гориво на 100 километри ( Volkswagen Lupo 3l). Концептот на Фолксваген (Volkswagen) се верува дека испаднал подобар бизнис предлог, којшто вклучувал четири седишта и повеќе простор за товар. Хајек се сомневаше дека Пич ќе се обиде да стави крај на договорот со СМХ со неговата позиција како извршен директор; па затоа, тој дирекно започна со приближување на друго автомобилски компании кон проектот Swatchmobile. Отфрлен од БМВ(BMW), Фиат (Fiat) General Motors и Рено( Renault), тој конечно постигнал неформален договор со Даимлер Бенз АГ (Daimler-Benz AG), производител на Мерцедес-Бенз автомобилите. Договорот беше објавен на 4 март 1994 година, на прес-конференција во седиштето на Мерцедес-Бенз во Штутгарт, дека компаниите ќе ги здружат силите во основање на микро компактен автомобил АГ(МЦЦ). 49% од основачкиот капитал од 50 милиони швајцарски франци беа обезбедени од страна на СМХ(SMH), а останатите 51% од Даимлер- Бенз. Компанијата се состои од два придружника: МЦЦ(MCC GmbH) со седиште во Ренинген( предградие на Штутгарт), којшто ќе ја дзајнира колата, и тогаш неимануваниот погон за производство. SMH Auto SA, во сопственост на Хајек, ќе дизајнира хибриден електричен погонски систем за автомобилот, додека Хајек Инжинеринг(Hayek Engineering) ќе врши ревизија на дизајнот и на призводството. На прес-конференцијата исто така се претставија два концепта на возила: еко-спринтер и еко-спидстер, коишто се стилизирани од дизајн студиото на Мерцедес-Бенз во Калифорнија. Автомобилите беа слични на Смарт Сити-Купе(Smart City-Coupe). Не се спомена фактот дека СМХ(SMH) не се вмешани во дизајнот на овие концепти, тие беа декларирани како на Мерцедес-Бенз. До крајот на април 1994 година МЦЦ постави седиште во Биел, Швајцарија.

Смарт ЕД(Smart ED)

Верзијата со електрично полнење е објавена во Велика Британија како закупно возило кое што е во ограничен број. На настанот Smart Car Booklands , во јули 2008 година, Смарт ЕВ беше во „Мерцедес светот“ и претставикот изјави дека автомобилот ќе биде пуштен во продажба во Велика Британија во 2010 година. Даимлер ќе започне со производство на електричен Смарт , којшто е опремен со литиум-јонски батерии во 2009 година и ќе премине во масовно до 2012 година. Смарт за четворица (Smart forfour) е претворен во хибрид од Lithium Technology Corporation и Зутек Системи(Zytek Systems). Литиум- јонската батерија може да го движи возилото на 84 милји на час (135км/ч) и трае за над 20 милји (32км). Моторот е комбинација од 68 коњски сили (51кW), 1.5 литарски (92 кубни инчи) , три цилиндричен турбо дизел мотор и два магнетно-електрични мотори со висока ефикасност. Даимлер АГ и РВЕ АГ (RWE AG) го започнаа најголемиот светски заеднички проект за еколошки електрични автомобили. Даимлер ќе обезбеди повеќе од 100 електрични автомобили од Мерцедес-Бенз и Смарт како и од сервисот за возила. Новата генерција на Смарт ЕД( електричен погон) и возилата коишто се на електрична-батерија од Мерцедес-Бенз ќе почнат да се употребуваат во рамките на проектот на „ е-подвижност Берлин“. РВЕ се справува со развојот , инсталацијата и делот за полнењето. “ Новиот проект исто така има корист од искуството стекнато од Даимлер за време на пилот-проектот којшто вклучува електроподвижност во Лондон. Од мината година постои тест направен од првата генерација на Smart fortwo ed автомобили. Почетокот на сериското производство на возила коишто се со моќ на батерија на Мерцедес Бенз и Смарт е во 2010 година. Смарт ЕД ќе биде продаден во Европаската Унија во 2010 година.

Развој на палетата на производи

АМГ започна со дизајнирање и тестирање на тркачки мотори. Со тоа се прошири бизнисот во изградба на сопствени патишта за автомобилите коишто се врз основа а стандардот на Мерцедес-Бенз. АМГ произведува голем број на неофицијална надградба и пакети со додатоци главно за моделите на Mercedes-Benz R107, и C107, Mercedes-Benz W116, Mercedes-Benz W123, Mercedes-Benz W124, Mercedes-Benz W126, Mercedes-Benz R129,и Mercedes-Benz W201. За време на раните 1980-ти години и сè до 1985 година, АМГ понуди различни пакети со перформанси на мторот, алуминиумски тркала и стилски производи. Други опции ги вклучуваат и Рецаро седиштата(Recaro), тркала со помали пречници, инструментални кластери, опција за бришење( сите кодирани бои или нацртаната сатенска црна), фрижидери, промена на рачки, hi-fi стерео системи, тапацир и подобри пакети за дрвен ентериер. Објавувањето на АМГ Хамер седанот во 1986 година, којшто е направен врз основа на W124 Е-класата, ги зема АМГ модификациите на перформансите за компактен седан на едно ново ниво. АМГ го направи најбрзиот патнички седан во светот во тоа време, наречен Хамер, со притискање на Мерцедес од 5.6 литри V8 претворен од АМГ на 360 хп во среден седан. Тоа беше многу агресивно за ерата, со 32 вентилски цилиндрични глави и двојни основи и двојни основни, и се вели дека се и побрзи од Ламбурџини Коунтач( Lamborghini Countach ) од 60-120ч. Поновите модели беа уште помоќни и ги претставија тркалата од 17“ АМГ Аеро Хамер. 1986 исто така беше година кога Мерцедес го претстави 560 М117 моторот. Ова предвиде уште една можност за потрошувачите да го нарачаат најдолгиот АМГ којшто е достапен во ова време, 6л 100мм SOHC или DOHC мотори коишто беа достапни и за W126 купето и седанот. Во почетокот на 2000 година, АМГ се фокусираше главно на одличниот V8мотор и на V6 моторите, но компанјата официјално ја остави оваа технологија во 2006 година со воведувањето на природно аспирираниот 6.2 л М156 V8. На 16 јануари 2006 година, претседателот на Мерцедес- АМГ , Вокер Моринвег на AutoWeek изјави дека компанијата ќе го корити турбо полнењето наместо супер полнењето за повисок излез. За 2011 година, АМГ го објави М157 5.5 л битурбо V8 којшто го истисна М156 со своите автомобили како што се С-класата (S-Class) и ЦЛ-Класата (CL-Class), ( и се сведува на ЦЛС(CLS), Е-класатта, и СЛК во различни форми). Иако имаше неколку АМГ модели во 1980-тите години со рачни менувачи, речиси сите понови модели користат автоматика( 5G-Tronicand подоцна 7G Tronic со Speedshift), за разлика од БМВ М коишто користат рачни и од неодамна полуавтоматски менувачи ( моменталниот тип е со пренос од двојна спојка). Почнувајќи од 2009 година, АМГ започна со усвојување на 7-брзинскиот АМГ Speedshift MCT автоматски менувач. Иако овие се сметат за најпознатите во пдесувањето на поделбите, Мерцедес –АМГ има значително поинаква филисофија отколки БМВ М. Мерцедес-АМГ создаде верзии со високи перформанси на многу од нивните плочи со имиња, вклучувајќи ги и седаните и спортските автомобили, додека БМВ М го нагласи само подесувањето на возилата со „латерална агилност“ ( која што долго време беа само 3 серија, 5 серија, и патничките возила). Во споредба со БМВ М , Мерцедес- АМГ е „помалку тесен во својот спортски фокус, но сепак комбинирањето на перформансите од Хамер со опуштеното ракување, комфордот, и практичноста“. Додека основачите Ханс Вернер Ауфрехт и Ерхард Мелхел ги нагласуваа соодветните тркачки автомобили, Мерцедес-АМГ , се оддалечуваа зачително од оваа филисофија во последниве година, со нивните понуди тие се многу познати за праволиниското забрзување но со сиромашна динамика за ракување. Сепак, секашниот претседател на Мерцесед АМГ, Волкер Морнхинњег инсистираше дивизијата да се врати на своите корења во градењето на спортските автомобили.

Трки со мотори

Во доцните 1960-ти и раните 1970-ти години, АМГ влезе во големиот Мерцедес-Бенз 300 ЕЛ 6.3 V8 салун, именуван „Red Sow“ , во 1971 година Спа 24 часа, и Европското првенство во автомобили. АМГ и Мерцедес работеле заедно на автомобилите на Мерцедес-Бенз W201 за Deutsche Tourenwagen Meisterschaft во 1988 година(ДТМ, Германското првенство во автомобилизам). АМГ беше службен партнер. Кога ДаимлерКрајслер го купи мнознскиот дел од акциите на АМГ во 1999 година, одделот за трки со мотори беше претворен во HWA AG. Нивниот прв автомобил беше кобниот Мерцедес- Бенз ЦЛР (Mercedes-Benz CLR). Од 2000 година, HWA ги прави и ги работи автомобилите за Deutsche Tourenwagen Masters (DTM), како и М271 моторот којшто е подесен за употреба во Формула 3. Шест успешни модели на Мерцедес-Бенз со мали измени ( вклучувајќи , од понеодамна , СЛ 63 АМГ) беа најбезбедните автомобили за FIA, Светското првенство во Формула 1. Во 2011 година, 6 Мерцедес-Бенз СЛС АМГ ГТ3 (Mercedes-Benz SLS AMG GT3) ќе се натпреваруваат во FIA GT3 Европското првенство, како и разни други тркачки настани за издржливост како 24 часа од Нирбургинг. Кон крајот на 2011 по завршувањето на сезоната на Формула 1, Мерцедес ГР Петронас најави дека ќе го користи брендирањето на АМГ за Формула 1, го менува неговото име во Мерцедес АМГ Петронас за сезоната во 2012 година па натаму.

Даимлер камиони

-Комерцијални возила -Freightliner -Мерцедес-Бенз ( камион група) -Митцубиши Фусо (Mitsubishi Fuso) - Томас Билт автобуси -Sterling камиони- операции ...во 2010 година, но ќе продолжат да ги поддржуваат овластени дилери и сопственици на возилото - Western Star -BharatBenz -Компоненти - Алијанса на делови за камиони - Детрои дизел -Мерцедес-Бенз - Митцубиши Фусо - Даимлер автобуси -Мерцедес-Бенз автобуси

Мерцедес-Бенз произведува автобуси уште од 1895 година во Манхајм во Германија. Од 1995 година, брендот на Мерцедес-Бенз автобусите е под капата на EvoBus GmbH, кои што 100% приаѓаат на Даимлер АГ.

Потекло

Првиот светски моторизиран автобус беше направен во Германија од Карл Бенз во 1895 година, неколку години пред Голиб Даимлер да започне да произведува и да продава автобуси во Германија. Од 1898 година и двајцата Карл Бенз и Голиб Даимлер, тогаш ривалли, ги извезувале своите автобуси во Велс и Англија. Наскоро производите на Даимлер се продаваа во Британската Империја во партнерство со Британската компнија Милнес(Milnes). Милнес-Даимлер ги разви двокатните во 1902 година и следната година создаде автобус за автобуски превоз во Велика Британија. Додека компанијата достигнуваше успех во продажбата на автобуси во Британската Империја, партнерството помеѓу Даимлер и Милнес мораше да се раскине за време на Првата светска војна. За време на еконимските тешкотии во почетокот на 1900 година, Daimler Motoren Gesellschaft и Benz & Cie се споија во една компанија во 1926 година, две години подоцна двете компании потпишаа договор за заеднички интерес. Така се формираше Даимлер-Бенз АГ (исто така познат и како Мерцедес-Бенз).Во следната година, компанијата го претстави својот прв комбиниран автобус. Од тоа време акцент беше ставен на дизел моторите ( како спротивни на моторите на бензин) за комерцијални возила. Во 1951 година Мерцедес-Бенз го претстави својот прв автобус којшто беше специјално дизајниран за работа со автобус( и не потекнува од камион , како што беше случај со другите автобуси коишто беа до тогаш произведени во компанијата)- О6600 Х. Ова возило, долго 11 метри беше опремено со 6 цилиндри, попречен мотор со 145 коњски сили, помала рамка од неговите претходници , и електричен систем. Во 1954 година Мерцедес-Бенз го претстави својот прв полу интегрираниот автобус- О321 H. Полуинтегралниот дизајн значеше намалување на телесната тежина, подобрување во стабилноста на отпорот на телото. О321Н исто така беше првиот со функција на спирални пружини на предната оска на суспензија. Ова возило долго 9.2 метри ( подоцна беше откриена и верзијата од 10.9 метри) исто така опремен со заден монтиран мотор. Првата верзија е на располагање со моќност од 110 коњски сили, а подоцна беше ставена и верзија од 126 коњски сили. Повеќе од 30.000 единици на О321 Н го завршија автобусот и заедно со неговата платформа беа продадени низ целиот свет марка која што се пласира како најдобро-продавани автобуси низ целиот свет во тоа време , па сè до ден денес, е еден од најуспешните модели од Мерцедес-Бенз.

Мерцедес-Бенз do Brasil Ltda.(автобуси) Во 1951 година, техничари од Даимлер Бенз, придружувани од бразилски специјалисти, коишто извршуваат истражувања за да ја анализираат исплатливоста на производство на возила во Бразил. Две години подоцна, на 7 октомври 1953 година, Мерцедес-Бенз do Brasil беше официјално основана, и како нејзин прв претседател го имаше Алфред Јурцоковски. Тогаш фабриката беше изградена во Сан Бернардо до Кампо ( град којшто е во близина на градот Сан Паоло) во Сан Паоло Бразил. На 28 септември 1956 година фабиката беше инагурирана во присуство на тогашниот претседател на Бразил, Јисцелино Кубитсчек. Овој датум го означува раѓањето на бразилската автомобилска индустрија. Сè до 1858 година само камионите се приозведуваа во Бразил, а локалните создавачи користеа шасии од камио за да создадат автобуси. Во 1958 година. автобусот Мерцедес-Бенз О321 Н исто така започна да произведува во Бразил, снабдувајќи го бразилскиот пазар и исто така и пазарот на другите земји од Јужна Америка ( иако некои латиноамерикански опертори ги купуваа европско-наравените автобуси на Мецедес-Бенз). На пример, 550 единици од бразилско израборените автобуси О321 беа извезени во Аргентина во 1961 година, и други 300 единици беа извезени во Венецуела во 1965 година. Во 1963 година, беше откриен автобус чијшто мотор се наоѓаше напред, врз основа на ЛП 321 камионот. Нови верзии од оваа шасија како и нови верзии од О321 автобусот беа претставени наредната година. Првиот автобус прилагоден за бразилскиот пазар беше О326, задниот мотор беше откриен во 1966 година. Тој бил опремен со турбо ОМ326 мотор до 200 коњски сили. Една година подоцна, исто така беше откриена шасија со преден мотор на автобусот- ЛПО-344, исто така врз основа на камион шасија. Во 1969 година од страна на Merzedes- Benz do Brazil беше претставен нов рурален- и урбан автобус. Назначен О352, овој составен автобус беше опремен со дирекно вризгување на дизел мотор. Две нови шасии со предни мотори беа претставени истата година –ЛПО-1113 и ЛПО-1520. Во текот на 1970-тите години фабриката во Сан Бернардо до Кампо беше проширена за да се задоволи зголемувањето на побарувачката за производство на кмерцијални возила. До крајот на таа деценија Мерцедес-Бенз произведе повеќе од 500.000 комерцијални возила во бразилската фабрика, а околу 4000 од нив беа составни автобуси. Во 1970 година, беа претставени на каросериите на автобусот на задниот мотор ОН-1313 и предниот мотор OF- 1313. Една година подоцна, беше откриен нов составен дел –O362- којшто има поголем дел за багаж од својот претходник, О321. Од страна на Мерцедес-Бенз до Бразил(Mercedes-Benz do Brazil) беше претставен уште еден составен дел од автобус –О355 во 1974 година. ОН- 1517 задниот мотор од каросеријата беше презентиран таа година. Една година откако беа направени првите автобуси со три оски во Бразил( врз основа на Мерцедес-Бенз ЛПО-1113 каросерија со преден мотор)го имаше своето деби во 1977 година, новиот О364 составниот дел во две верзии беше презентиран од страна на Mercedes-Benz do Brasil- едната со мотор од 13 коњски сили, а другара с мотор од 170 коњски сили. Исто така во 1978 година производството на О362 беше прекинато, по повеќе оод 35.100 единици коишто беа призведени во Бразил. Откако побарувачката за автобуси во тоа време почна да расте, се инаугурураше нова фабрика во Кампинас ( град во Сан Паоло, Бразил), чиешто производство беше посветено за производство на автобуси. Оваа фабрика се смета за најголемата и најмодерна фабрика во западниот свет која што произведува автобуси. Во меѓувреме, фабриката во Сан Бернардо до Кампо сè уште се прошируваше. Во 1984 година беа претставени два нови составни делови за автобуси од страна на Mercedes-Benz do Brasil. Еден од нив беше и О370 патниот автобус, којшто беше достапен до 2- и три оски верзии. Тоа беше првиот таков дел којшто беше произведен од страна на Mercedes-Benz do Brasil, што беше опремен со воздушна амортизација како стандардна. Другиот беше О365 стадарден автобус. Во 1978 година О370 и О365 автобусите беа заменети од страна на О371( којшто беше измислен според три патнички автобуси и три регуларни – сервисни модели на автобуси. Во 1991 година компанијата го инаугурираше Centro de Desenvolvimento Tecnologco (или технолошкиот центар за развој на англиски јазик) во Бразил. Ова е, сè до ден денес, најголем од ваков вид во Латинска Америка. Некои од проектите развиени од страна на овој Центар во Бразил беше моторот на природен гас М-447 hLAG, којшто се користи во природниот гас – којшто е поддржан од Цитаро, и делотворните подобрувања коишто беа направени на Ахор камионот ширум светот. Во 1994 година, Mercedes-Benz do Brasil го претстави автобусот О400, којшто вклучува еден стандарден градски автобус, и О400 УПА арикулиран автобус- првиот артикулиран автобус којшто е произведен од Мерцедес-Бенз во Бразил, којшто беше во производство само во 1995 година. Ова возило со електронски опремена артикулација е развиено од страна на компанијата. Во истата година, Мерцедес-Бенз достигна 85% акции на мазарот за комерцијални возила во Бразил. Следната година, Mercedes-Benz do Brasil ги доби ISO 9001 и VBA 6. 1 сертификатите. Во 1996 година беше претставена новата верзија од О371 автобусот за редовни сервис активности. Сепак, неколку месеци подоцна Мерцедес-Бенз го рпогласи крајот на производството на автобуси во Бразил. Одлуката беше направена , во која компанија ќе се прогласи ,понатаму ќе се фокусира на производство и развој на каросерии и платформи на автобуси, и така и се случи. Производството на автобуси се премести во San Bernardo do Campo во 2000 година, кога Капинас индустрискиот комплекс беше посветен за активности коишто беа посветени за обука и надгледување на мережата на застапништва во Бразил, делови и дистрибуција на прибор како и техничка помош. Денес, под палка на DaimlerChrysler do Brasil, каросериите на автобусите на Мерцедес- Бенз во Бразил го снабдуваат бразилскиот пазар и се извезуваат во Американските земји, Блискиот Исток, Африка и Азија. Меѓу автобусите коишто се произведени од Мерцедес –Бенз во Бразил, О500 се модуларни каросерии на автобусите, што вклучува каросерии коишто се направени за рурални потреби( достапни во високо- и нискокатните верзии), ОН задиот мотор, ОF серии со преден мотор и LO мини- и микро- серии на автобуски каросерии. Во 2006 година DaimlerChrysler do Brasil претстави две нови каросерии на автобуси-О500М(висок кат) и О500УА ( низок кат). И двете се опремени со шест цилиндричен мотор којшто пренесува 360 коњски сили како стандард. Деловите од О500 од автобусот беа купени за да работат во BRT системите на Цуртиба, Сан Паоло, Сантјаго де Чиле (Трансантиаго) и Богота ( Трансмиленио).

-Орион автобуски индустрии - Сетра( Setra) -Мерцедес-Бенз комбиња -Мерцедес-Бенз ( група на комбиња) -Даимлер финансиски сервиси -Мерцедес-Бенз банка - Мерцедес-Бенз финансии -Даимлер камион финансии -Други -Мерцедес-Бенз мотори со високи перформанси ( прави мотори за трката Формула 1)

Имот

Даимлер во моментов има интереси во слединиве компании: - 85,0% Mitsubishi Fuso Truck and Bus Corporation на Јапонија -50.1% Automotive Fuel Cell Cooperation of Canada -11% McLaren Group од Велика Британија (McLaren Group постепено ги стекнува назад акциите , за да биде целосна во 2011 година. -22.4% European Aeronautic Defence and Space Company (EADS) – матичната компанија на Ербас на Европа -50% Tognum од Германија -11.0% KAMAZ од Русија -10.0% Tesla Motors од САД

Главна статија: Програма за Нафта-за храна, Даимлер АГ случај за мито

На 1 април 2010 година, германските и руските подружници на Даимлер АГ се изјаснети завиновни по две точки: за поткуп за пријави од страна на американското Министерство за правда и за Комисијата на САД за безбедност. Даимлер ќе плати 185 милиони американски долари како казна, но компанијата и нејзиниот кинески помошник остануваат предмет да две годишен одложен процес за договор којшто бара понатамошна соработа со регулаторите, придржување кон внатрепните контроли и соочување со други услови пред да се побара од нив да се вратат на судење. Даимлер ќе се соочи со построги казни доколку компанијата не ги исполнува условите на договорот за време на периодот од две години. Покрај тоа, Луис Ј. Фрех, поранешен директор на Федералното биро за истраги, ќе послужи како независен монитор којшто ќе го надгледува почитувањето на Даимлер на законите против митото. Обвинителството на САД , ги обвинуа извршните директори на Даимлер, и соработниците на Даимлер , филијалите на Даимлер за нелегално давање пари на станци и подароци во периодот помеѓу 1998 година и 2008 година за да обезбедат владини договори низ целиот свет. Истрагата за случајот откри дека Даимлер неправилно има исплатено околу 56 милиони долари за ито коишто се однесуваат на повеќе од 200 трансакции вобарем 22 земји( вклучувајќи ги Кина, Русија, Турција, Унгарија, Грција, Латвија, Србија, и Црна Гора, Египет и Нигерија, и низ други места) коишто за возврат ја наградиле компанијата со 1.9 милијарди долари во приходите и најмалку 91.4 милиони долари во нелегални профити.Случајот СЕЦ беше предизвикан во 2004 година по Давид Базета, поранешен ревизор во тогашниот Даимлер Крајслер Корп, поднесе жалба откако беше отпуштен за подигање на прашања за банкарските сметки коишто беа контролирани од страна на Мерцедес-Бенз единиците во Јужна Америка. Базета тврди дека тој во јули 2001 година на состанокот на Извршниот комитет во Штутгарт дека деловните единици „ продолжиле да одржуваат тајни банкарски сметки за да ги поткупуваат странските владини претставници“, иако комисијата знаеше што може да се случи си прекршување на американските закони. Во уште еден обид да се замолчи Базета, Даимлер подоцна понуди да го решат неговиот престанок со работниот однос со праговарање надвор од судот, со тоа што тој на крајот прифати решение. Но стратегијата на Даимлер со Базета покажа дека е неуспех откако криминалната истрага за кршење на анти-мито законите на САД веќе беше во тек во најпознатите случаи против странски корпорации. Според обвинението, поткупите често биле направени со над-фактурирање на клиентите и исплаќање на вишокот на владините претставници и нините застапници. Митото исто така ја зазема формата на луксузни одмори низ Европа, возила на Мерцедес за високите владини претставници и роденденски подароци на Туркмаинстан вклучувајќи златна кутија и 10.000 копии од личен манифест преведени на германски јазик. Истражувачите исто така откриле дека фирмата ги почитувала одредбите на Обединетите нации„ нафта-за –програма за храна со Ирак со давање на мито во вредност од 10% на договорот на вредности на службените лица во рамките на ирачката влада , тогаш предводена од стрна на Садам Хусеин. СЕЦ изјави дека компанијата направила повеќе од 4 милиони долари од продажба на возила и резервни делови во корумпираните договори нафта-за-храна. Обвинителите на САД уште наведоа дека некои мита биле испратени преку шел компаниите со седиште во САД. „ Во некои случаи Даимлер ги пренесувал овие несоодветни исплати на сметики во банки во САД или пак на сметки на странски банки на САД да Шел компаниите за да го префрли поткупот“, се изјавува во судските документи. Обвинителите истакнаа дека Даимлер „долгогодишната пракса“ на плаќање на мито, се должи делумно на корпоративна култура која што ја охрабрува праксата. „ Со користењето на префрлањето на банкарските сметки, трети лица и агенти, овие компании ( Даимлер Г, неговите придружници и филијали) го гледале странското мито како начин на водење на бизнис“, вели Мутили Раман, главен заменик во кривичниот Оддел за правда“. „ Нема да биде претерано ако се опише корупцијата и исплаќањето на митоа на Даимлер како стандрардна бизнис пракса“, вели Роберт Кузами, директор на одделот на спроведување на СЕЦ, во соопштението. Како по договорот со обвинителството, двата придружници на Даимлер признаа дека свесно го прекршиле Станскиот акт за корупција, којшто гги обвинува компаниите и нивните претставници за плаќање на мито на странски претставници за да направи бизнис. Актот за надворешна корупција се однесува на било која компанија во која се наведени на било која компанија во која се наведени акциите на американските берзи. Даимлер АГ бешен ставен на листата со симболот „DAI“ на NYSE, давајќи им на Одделот за правда исплати преку германскиот производител на автомобили во земјите од целиот свет. Судијата Ричард Ј. Леон на САД во Окружниот суд во Вашингтон, ја одобри молбата, нарекувајќи ја „ праведно решение“. Примарниот случај е САД против Даимлер АГ, Окружниот суд на САД во Колумбија, бр. 10-00063. Даимлер Крајслер исто така е познат и за помагање на германски јазик во 2003 година на првиот дел на книгата Ruhnama напишана од Туркменбаши, поранешниот диктатор на Туркменистан. Наводно, ова и помогна на компанијата да се здобијат со договори во Туркменистан. Алтернативен погон

Мерцедес(1900)

Во 1902 година беше создаден автомобил којшто подоцна ќе се нарече Мерцедес 35 коњски сили , создаден од Мајбах по барање на успешниот Австриски трговец Емил Јелинек којшто бил фасциниран од моторот Фоеникс и тркачките автомобили. Името е изведено од моторот Мајбах којшто е создаден според спецификациите на Јелинек во 1900 година и може да достигне 35 коњски сили(26 kW). Јелинек утврди дека моторот треба да се нарече Даимлер-Мерцедес и кога тој стана успешен, тој направи нов модел во издание на возилата коишто тој ќе ги понуди на пазарот и коишто тј ќе ги употребува лично. Подоцна ова беше познато како Мерцедес 35 коњски сили( серии од Мерцедес). Големата побарувачка за овој автомовил наскоро имаше ДМГ целосен капацитет

  NODES
OOP 1
os 2