Echo & the Bunnymen

англиска рок-група

Echo & the Bunnymen ― англиски рок-група основана во Ливерпул во 1978 година. Оригиналната постава се состоела од: пејачот Ијан Мекалок, гитаристот Вил Сарџент и басистот Лес Патинсон. Во 1980 година, Пит де Фрејтас ѝ се приклучил на групата како тапанар.[8]

Echo & the Bunnymen
Вил Сарџент (лево) и Ијан Мекалок (десно) на Frequenze Disturbate Festival во август 2005
Животописни податоци
ПотеклоЛиверпул, Англија
Жанрови
Период на активност1978–1993, 1996–денес
ИздавачиKorova, Zoo, Sire, Warner Bros., Euphoric, London, Cooking Vinyl, Ocean Rain
СоработнициElectrafixion
Мреж. местоbunnymen.com ianmcculloch.info
Членови
  • Ијан Мекалок
  • Вил Сарџент
Поранешни членови
  • Лес Патинсон
  • Пит де Фрејтас
  • Џејк Брокман
  • Ноел Бурк
  • Дејмон Рис

Нивниот прв албум Crocodiles (1980) се пласирал во топ-20 на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство. Со објавувањето на нивниот втор албум Heaven Up Here (1981) групата стекнала култни следбеници. Во 1983 година групата се здобила и со популарност кај пошироката публика во Обединетото Кралство, откако песната „The Cutter“ се пласирала во топ-10 на топ-листата за синглови во Велика Британија, а албумот кој ја содржел песната, Porcupine, се искачил на второ место во Обединетото Кралство. Водечкиот сингл од албумот Ocean Rain (1984), „The Killing Moon“, исто така се пласирал во топ-10 во Обединетото Кралство.[8]

По издавањето на истоимениот албум во 1987 година, Мекалок ја напуштил групата и бил заменет со пејачот Ноел Бурк. Во 1989 година, Де Фрејтас загинал во сообраќајна несреќа, а Echo & the Bunnymen се распаднале во 1990 година. Во 1994 година, Мекалок и Сарџент ја продолжиле нивната соработка под името Electrafixion, а во 1996 година им се придружил Патисон, тие го вратиле името Echo & the Bunnymen. Патинсон ја напуштил групата во 1998 година. Подоцна групата била на неколку турнеи и издаде неколку албуми со различен степен на успех.[8]

Членови

уреди

Сегашни

уреди
  • Вил Сарџент – гитари, програмирање (1978–1993, 1996–денес)
  • Ијан Мекалок – пејач, гитара, клавијатури (1978–1988, 1996–денес)

Поранешни

уреди
  • Лес Патинсон – бас (1978–1993, 1996–1998)
  • Пит де Фрејтас – тапани (1979–1989; починал 1989 година)
  • Ноел Бурк – пејач, гитара (1988–1993)
  • Дејмон Рис – тапани (1989–1993)
  • Џејк Брокман – клавијатури (1989–1993; починал во 2009 година)

Дискографија

уреди
  • Crocodiles (1980)
  • Heaven Up Here (1981)
  • Porcupine (1983)
  • Ocean Rain (1984)
  • Echo & the Bunnymen (1987)
  • Reverberation (1990)
  • Evergreen (1997)
  • What Are You Going to Do with Your Life? (1999)
  • Flowers (2001)
  • Siberia (2005)
  • The Fountain (2009)
  • Meteorites (2014)
  • The Stars, the Oceans & the Moon (2018)

Наводи

уреди
  1. „Echo & the Bunnymen - Biography & History - AllMusic“. AllMusic.
  2. „Echo and The Bunnymen reviews, music, news - sputnikmusic“. www.sputnikmusic.com.
  3. „Echo and the Bunnymen Get Nostalgic in New York“. SPIN. 2 October 2008. Посетено на 22 August 2013.
  4. „10 Underrated But Excellent Bands“. Listverse. 29 January 2009.
  5. MacKenzie Wilson (15 November 1985). „Songs to Learn and Sing – Echo & the Bunnymen | Songs, Reviews, Credits, Awards“. AllMusic. Посетено на 22 August 2013.
  6. „Echo and the Bunnymen interview – Chicago Tribune“. Articles.chicagotribune.com. 12 May 2011. Архивирано од изворникот на 2014-03-13. Посетено на 22 August 2013.
  7. Joe Brown (18 August 1984). „Bunnymen: Based on Bowie“. The Washington Post. Посетено на 31 July 2022.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Echo and the Bunneymen“. BMG (англиски). 2019-01-03. Посетено на 2023-09-04.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1
News 1
Story 1