Kreator е треш метал бенд од Есен, Германија. Почнале да свират под името Tormentor. Кариерата им започнува во 1982, свирејќи треш метал со влијанија од Venom.[2] Исто така, влијание врз нив оставиле и Slayer, Mercyful Fate и Bathory.[3] Свират сличен стил со нивните сонародници Destruction и Sodom, другите две звучни треш имиња од германската сцена. Сите три од овие бендови често се посочуваат како поттикнувачи за создавањето на дет металот, вметнувајќи елементи во својата музика од кои подоцна ќе произлезе дет металот.[4]

Kreator
Основни податоци
ПотеклоЕсен, Германија
Жанр(ови)Треш метал[1]
Години на активност1982 - денес
Мрежно местоwww.kreatorterrorzone.de
ЧленовиМиланд „Миле“ Петроза
Јирген „Вентор“ Реил
Кристијан „Спизи“ Гислер
Сами Џил-Сирнио

Kreator се застапници на чистиот треш, со исклучок на четири од нивните албуми (Renewal, Cause for Conflict, Outcast и Endorama) кога се посветуваат на сериозно експериментирање со звукот, ова се случува во текот на деведесеттите. Мешавината на индустриал, готик и разни други метал елементи во нивниот звук ќе наиде на поделени мислења кај нивните обожаватели и критиката.

Историја

уреди

Kreator се формирани како Tyrant во 1982 во Есен, Германија. Првата постава ја сочинувале вокал/гирата Миле Петроза, тапани Јирген Реил и Роб Фиорети на бас. Наскоро го смениле името во Tormentor и снимиле две демо снимки. Го смениле името за последен пат во Kreator во 1985 кога и потпишале договор со Noise Records. Главната причина за последната смена било постоење на истоимен бенд во Унгарија.

Деби албумот Endless Pain е снимен за 10 дена. Голем број блек метал и дет метал бендови го сметаат за многу влијателно издание.[5] За турнејата која му следувала, бендот го ангажирал поранешниот гитарист на Sodom Михаел Вулф.

Вулф нема да свири а следниот албум, Pleasure to Kill издаден во 1986. Како нов гитарист доаѓа Јорг Трзебиатовски кој ќе свири на новиот албум на бендот, албум вброен во класиците на трешот.[6][7][8] На овој албум се забележува напредокот на бендот во однос на претходниот албум.

Со песната „Flag of Hate“ која станала набрзо хит, Kreator се вбројуваат во перспективните бендови на европската метал сцена.

Во 1987 ќе го снимат Terrible Certainty сметан за дотогаш најдобар нивен албум поради покомплексните песни на него. Како хит на топ листите ќе се издвои „Behind The Mirror“, а популарноста на бендот ќе продолжи да расте.

Во 1988 го снимаат Extreme Aggression под капата на Epic Records. Снимен во Лос Анџелес, албумот станува метал хит, направен според формулата за успех на претходниот. Впечаток ќе остави спотот за „Betrayer“, станувајќи огромен хит на Headbangers Ball на MTV.

Во 1989 е снимен документарец за нив од страна на режисерот Томас Шхад под наслов Thrash Altenessen. Тритзе ќе го напушти бендот, а како негова замена ќе дојде Френк Госдзик. Бендот го издава Coma of Souls, а песната „People of the Lie“ станува хит. Кога работите во почетоците на деведесеттите ќе се сменат со комерцијалниот пристап на Metallica, Megadeth, Anhtrax и други метал бендови Kreator ќе го сменат нивниот звук и ќе почнат да експериментираат со дет и индустриал метал.

Резултатот на експериментирањето е Renewal издаден во 1992, а придружен со хеви, дет и индустриал метал влијанија. Ова ќе предизвика разочарување кај голем дел од обожавателите.[9][10]

Бендот почнува да се распаѓа, а Миле Петроза останува единствениот член од оригиналната постава. Работите се влошуваат со раскинувањето на договорот со Epic. Резултатот е Cause for Conflict издаден во 1995, албум со модерни влијанија од Pantera и Machine Head, мало враќање на погруб звук отколку на претходниот албум.[11]

Во 1996 составот на бендот повторно ќе претпи промени. Продолжуваат со експериментирањето преку албумите Outcast и Endorama. Продажбите на овие две изданија се ниски, а критиките не престануваат, но за сето тоа Петроза ќе изјави: „За нас успехот не е бројот на продадени албуми. Сите наши албуми досега биле успешни за нас, зошто го постигнавме она што беше наша цел...“.[10]

Во 2001 со новиот гитарист Семи Џил-Сиринио, бендот го издава албумот Violent Revolution како своевидно враќање, албум со кои се враќаат на треш стилот. Пофален е од обожавателите, како и од критиката.[12][13][14][15] По успешната турнеја се стекнуваат со обожаватели од младата метал генерација. Во 2005 е издаден Enemy of God, албум кој претставува класичен „олд скул“ треш метал.

Во јануари 2009 излегува нивниот дванаесетти студиски албум кој го носи насловот Hordes of Chaos.

Членови

уреди

Сегашни

уреди

Поранешни

уреди
  • Михаел Вулф - гитара (1986, само на една турнеја)
  • Јорг Трзебиатовски - гитара (1986–1989)
  • Френк Госзик - гитара (1989–1996)
  • Томи Ветерли - гитара (1996–2001)
  • Роберто Фиорети - бас (1982–1992, основач)
  • Андреас Херц - бас (1992–1995)
  • Џо Кангелоси - тапани (1994–1996)
  • Боргуз Руткиевич - бас (една свирка во Будимпешта, 1988)

Дискографија

уреди

Студиски албуми

уреди
  • Endless Pain (1985)
  • Pleasure to Kill (1986)
  • Terrible Certainty (1987)
  • Extreme Aggression (1989)
  • Coma of Souls (1990)
  • Renewal (1992)
  • Cause for Conflict (1995)
  • Outcast (1997)
  • Endorama (1999)
  • Violent Revolution (2001)
  • Enemy of God (2005)
  • Hordes of Chaos (2009)
  • Phantom Antichrist (2012)
  • Gods of Violence (2017)
  • Hate Über Alles (2022)

Видеографија

уреди
  • Live in East Berlin VHS (1990)
  • Hallucinative Comas VHS (1991)
  • Live Kreation: Revisioned Glory DVD (2003)
  • Enemy of God Revisited Bonus DVD (2006)
  • At The Pulse Of Kapitulation 1990/1991 DVD (2008)

Наводи

уреди
  1. „Heavy Metal Thunder: Kick-Ass Cover Art from Kick-Ass Albums“ од Џејмс Шери и Нил Алдис
  2. DVD „Live Kreation: Revisioned Glory“: Првата сцена од делот за историјата на бендот.
  3. „Интервју со Миле Петроза“. Архивирано од изворникот на 2008-04-24. Посетено на 2008-06-05.
  4. Insineratehymn (23 ноември 2005). „Metal Storm - The Categorization of Death Metal“. Metal Storm.
  5. Falk Kollmannsperger (28 октомври 2002). „The Metal Observer - Review of Endless Pain. The Metal Observer. Архивирано од изворникот на 2007-09-30.
  6. Ken Blackmore. „Sorted MagAZine - Review of Pleasure to Kill. Sorted MagAZine.
  7. „HailMetal.Com - HailMetal.com's Top 50 Thrash Albums of All Time“. HailMetal.Com. 2006.
  8. Ed Rivadavia. „All Music Guide - Kreator Biography“. All Music Guide.
  9. Bertrand Garnier (29 февруари 2000). „UTTER DARK webzine - Kreator interview“. UTTER DARK webzine.
  10. 10,0 10,1 Alex J (21 јануари 2007). „Extreem Metaal - Kreator“. Extreem Metaal. Архивирано од изворникот на 2007-12-12.
  11. Patrick Weiler (7 март 2003). „The Metal Observer - Review of Cause for Conflict. The Metal Observer. Архивирано од изворникот на 2008-06-08.
  12. „Ultimate Metal Reviews - Review of Violent Revolution. Ultimate Metal Reviews. Архивирано од изворникот на 2012-02-05. Посетено на 2008-06-05.
  13. Rupophobic (19 септември 2003). „Metal Storm - Review of Violent Revolution. Metal Storm.
  14. Steppenvvolf. „Maelstrom Zine - Review of Violent Revolution. Maelstrom Zine. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 2008-06-05.
  15. Gary Hill. „All Music Guide - Review of Violent Revolution. All Music Guide.

Надворешни врски

уреди
  NODES
mac 1
os 3
server 4
web 2