N.W.A (англиски: Niggaz Wit Attitudes, во превод: Црнци Со Став) беше хип-хоп група од Комптон (Калифорнија).[1] Активни од 1986 до 1991, N.W.A биле добро познати по вулгарноста во нивните стихови. Тие биле отфрлени од многу радио станици во САД па дури им било и забрането да организираат турнеи и концерти. Сепак, групата продаде над 10 милиони албуми само во САД. Нивниот втор албум, наречен Straight Outta Compton, го обележа почетокот на новата гангстерска хип-хоп ера во која се изразува уличната револуција. Списанието Rolling Stone ги смести N.W.A нз 83-то место во нивниот список „100-те најдобри изведувачи на сите времиња“.[2] Откако се распадна групата, членовите Д-р Дре, Ајс Кјуб, Изи-И и МС Рен продолжуваат со нивната музичка кариера.

N.W.A
N.W.A во 1990, Ди-Џеј Јела, Д-р Дре, МС Рен и Изи-И
Животописни податоци
Познат(а) и какоNiggaz Wit Attitudes
ПотеклоКомптон (Калифорнија), САД
ЖанровиГангстерски рап
Период на активност1986–1991
(деловно обединување: 1999)
ИздавачиRuthless Records, Priority Records
СоработнициFila Fresh Crew, The D.O.C., World Class Wreckin' Cru, C.I.A., Snoop Dogg
Мреж. местоwww.nwalegacy.com
Поранешни членови
Изи-И (1986-1991)
Д-р Дре (1986-1991)
Ајс Кјуб (1986-1989)
МС Рен (1988-1991)
Ди-Џеј Јела (1986-1991)
Арабски Принц (1986-1988)

Почеток

уреди

Поранешниот дилер на дрога од Комптон Изи-И започна со „Рутлес Рекордс“ заедно со Џери Хелер. „Рутлес“ го издаде албумот „N.W.A. and the Posse“ во 1987 со „Макола Рекордс“. N.W.A беше сѐ уште во формирање и имаше снимено само четири од единаесет песни, кога привлече внимание на повеќе артисти. Тоа ги спои артистите Ајс Кјуб, Д-р Дре и Изи-И. Подоцна и МЦ Рен и се придружи на групата.[3]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • N.W.A. and the Posse (1987)
  • Straight Outta Compton (1988)
  • 100 Miles and Runnin' (1990)
  • Niggaz4life (1991)
Компилации
  • Greatest Hits (најголеми хитови) (1996)
  • Straight Outta Compton: Во чест на 10 години од создавањето на N.W.A (1998)
  • The N.W.A Legacy, Vol. 1: 1988-1998 (1999)
  • The N.W.A Legacy, Vol. 2 (2002)
  • The Best of N.W.A: The Strength of Street Knowledge (2006)
  • Straight Outta Compton (20-та годишнина) (2007)
  • Family Tree (2008)

Наводи

уреди
  1. Potter, Russel A. (1995). Spectacular Vernaculars: Hip-Hop and the Politics of Postmodernism. New York City: State University of New York Press. стр. 50. ISBN 0-7914-2626-2.
  2. „100 Greatest Artists of All Time“ Архивирано на 10 август 2007 г., Rolling Stone.
  3. „Ice Cube produces N.W.A biopic“. Filmstarts.de. Посетено на 2010-10-14.

Надворешни врски

уреди
  NODES
OOP 1
os 4