RAM (англиски: Random-Access Memory = "меморија со произволен пристап") меморијата, внатрешна меморија на сметачот, која се губи кога ќе се исклучи сметачот, а во меѓувреме, сите операции кои се одвиваат со меморијата се одвиваат во неа. Сите програми кои се стартуваат мора да се вчитаат во RAM меморијата, а ако нема доволно простор и во т.н. Swap податотека.

RAM меморија

Историја

уреди

Магнетното јадро е тип што е уште од многу одамна распространето околу 1949-1952 и подоцна се користи во повеќе сметачи со кое што се помогнало развојот на статичката и динамичката RAM меморија. Пред тоа, сметачите се користиело одложување на меморијата, или различни видови на вакуум цевки аранжмани за спроведување на "главниот" мемориски функции (на пример, стотици или илјадници парчиња), од кои некои беа произволен пристап некои не. DRUM memory може да се прошири по ниска цена, но пронаоѓање на не-секвенцијално меморија предмети се бара знаење на физичкиот изглед на тапанот за да се оптимизира брзина.

Градба на RAM меморијата

уреди

RAM меморијата е составена од флип-флоп кола, и тоа бистабилни флип-флопови. Флип-флоп колата имаат својство да запомнат информација од еден бит, и да го сочуваат тој бит во меморија, сѐ додека на влезот од флип-флопот не дојде нов бит за помнење, или пак не се исклучи флип-флопот од напојување (од тука потекнува и тоа дека не се губат информациите во RAM меморијата по искучувањето на сметачот).

Во сметачката индустрија поимот меморија најчесто се однесува на RАМ - Rаndom Access Memory (меморија со произволен пристапм), во подамнешни времиња кога пристапот кон мемориските ќелии не бил произволен, туку кон нив се пристапувало секвенцијално. Во основа овие мемории се користат за привремено чување инструкции, податоци итн. кои се потребни за да се изврши одредена наредба. Со тоа се зголемува брзината на работењето, на централниот процессор (CPU) побрз пристап кон податоците, кога тие се сместени во меморијата, отколку кога кон нив се пристапува на тврдиот диск. Брзините на пристап, протокот на податоци и брзината на работењето на мемориите е многукратно поголема отколку на тврдиот диск. При пристапувањето кон тврдиот диск и размената на податоци само со него, патот поминува преку двата чип сета во однос на меморискиот bus, далеку побавниот АТА или сериал АТА интерфејс. Колку за илустрација, рутина која би се извршувала 3,5 минути со РАМ меморијата, тврдиот диск би ја изврШувал за околу 4,5 месеци. Значи вчитувањето на некоја наредба во меморијата значи извршување на наредбата за непосредливо покусо време. РАМ меморијата е привремена меморија бидејќи со исклучувањето на сметачот се бришат податоците сместени во неа.

Мемориски регистри

уреди

Со групирање на низи од 2, 4, 8, 16 32, 64, и повеќе флип-флопови се формираат регистри со онолкав број на битови колку што има флип-флопови. Во структурата на низите на мемориските регистри влегува и уште по еден флип-флоп]] за секоја низа кој во својата меморија го сочувува таканаречениот „бит на парност“, кој зависи од должината на пополнетиот дел од регистарот (информацијата) за да биде овозможен понатамошен пристап кон мемориската локација.

Како се дели RAM меморијата

уреди

RAM меморијата се дели на: Статична (SRAM) - класична RAM со најголема брзина но најмала густина (и поради тоа со најголема цена). RAM која не ја губи содржината по престанувањето со напојување (NVRAM - Non-Volatile RAM). Динамична (DRAM) која својата садржина ја памти многу кратко време и потребно и е непрекинато "освежување" (наспроти статичката е со најголема густина но поради тоа и со помала брзина и цена). Некои RAM мемории имаат повеќе пристапни магистрали, за повеќе независни корисници. По тоа се делат на: Двопортна RAM - RAM со две комплетни независни порти. Видео RAM - двопортна RAM во која едната магистрала нуди само секвенцијален пристап.

Нешто повеќе за рам меморијата: DDR мемориите се делат на DDR ,DDR2 и DDR3 и тие се разликуваат по повеќе спецификации.Тие се именувани на следниов начин DDRx-yyyy каде x претставува генерацијата на технологијата а y претставува вредноста на нивниот CLOCK RATE.

Тие се разликуваат и по напонот: DDR

2.5 V

DDR2

1.8 V

DDR3

1.5 V

  NODES
os 1