SIMBAD

база на астрономски податоци

SIMBAD (кратенка од „Set of Identifications, Measurements, and Bibliography for Astronomical Data“, односно „Збир на идентификации, димензии и библиографија за астрономските податоци“) — астрономска база на податоци за објектите надвор од сончевиот Систем. Оваа база на податоци ја одржува Центарот за астрономски податоци (CDS) во Стразбур, Франција.

Опсерваторија во Стразбур

SIMBAD е создаден со спојување на Каталогот на ѕвездената идентификација (CSI) и Индексот на библиографија на ѕвездите кои постојат во информатичкиот центар Медон, Франција, од 1979 година, а подоцна се проширени со дополнителни извори на податоци од други каталози и од академската литература. Првата интерактивна семрежна верзија, позната како Верзија 2, создадена е за користење во 1981 година. Верзија 3, создадена во програмскиот јазик C, пуштена е во опсерваторијата Стразбур во 1990 година. Есента 2006 година се појави Верзија 4, заедно со програмска опрема за поддршка, овој пат создаден во програмскиот јазик Јава.

Од 14 јуни 2007 г., SIMBAD содржи информации за 3.824.195 објекти со 11.200.785 различни имиња, 209.451 библиографски наводи, и 5.455.841 библиографски наводи.

Астероидот 4692 SIMBAD (1983 VM7) е наречен во негова чест.

Поврзано =

уреди

Надворешни врски

уреди
  NODES