The Plant List

база на научни имиња на растенија

The Plant List (во прев. „Список на растенија“) — список на ботанички називи на растенија создаден од Кралските ботанички градини во Кју и Ботаничката градина на Мисури и пуштен во 2010 г.[1] Бил предвиден како сеопфатна евиденција на сите познати називи на растителните видови во историјата, во склоп на Глобалната стратегија за заштита на растенијата. Базата не е подновена од 2013 г. бидејќи проектот е заменет од World Flora Online.[2][3]

The Plant List
Вид место
енциклопедија
Достапно наанглиски
СоздавачКралски ботанички градини во Кју и Ботаничка градина на Мисури
Адресаtheplantlist.org
Пуштенодекември 2010
Тековна состојбанеактивен од 2013 (верзија 1.1), заменет со World Flora Online

World Flora Online

уреди

Во октомври 2012 г. е пуштен проектот World Flora Online како замена за постоечкиот, со цел да објави податоци за сите растенија до 2020 г.[4] Ова е проект на Ковенцијата за биоразновидноста на ОН, со цел да се запре загубата на растителни видови до таа година. Разработен е во соработка на група установи од светот за да ги опфати сите видови растенија до 2020 г.[2]

Постои и придружниот проект Меѓународен индекс на растителни имиња (IPNI), во кој е исто така вклучена ботаничката градина во Кју. IPNI има задача да даде подробни информации за трудовите кои ги опишуваат растенијата, а не да одреди кои се прифатени видовни имиња. Новообјавените имиња автоматски се префрлаат од IPNI во Светскиот контролен список на избрани растителни семејства (World Checklist of Selected Plant Families), базата на која работел Plant List.

Содржина

уреди

The Plant List има 1.064.035 научни имиња на растенија на ниво на видови,[5] од кои 350.699 се прифатени видовни имиња од 642 растителни семејства и 17.020 растителни родови.[6] На списокот се прифатени 350.699 поединечни видови со 470.624 нивни синоними, што значи дека многу видови имаат повеќе од едно име. Во 2014 г. The Plant List имал уште 243.000 „неразрешени“ имиња, што значи дека ботаничарите дотогаш не успеале да одредат дали се работи за одделен вид или дуплирање на поединечните видови.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „World's Largest Plants Database Assembled“. discovery.com. 2010. Архивирано од изворникот на 12 јули 2012. Посетено на 2 јануари 2011.
  2. 2,0 2,1 „Home — The Plant List“. www.theplantlist.org. Посетено на 18 октомври 2019.
  3. „Home“. www.worldfloraonline.org. Посетено на 18 октомври 2019.
  4. „Website of the World Flora Online Consortium“. The World Flora Online Consortium. Посетено на 10 март 2019.
  5. „Summary Statistics“. The Plant List. Посетено на 27 јуни 2014.
  6. „US, British scientists drew up the comprehensive list of world's known land plants“. CBC. [мртва врска]

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1