Абел Маконен Тесфаје (амхарски: አቤል መኮንን ተስፋዬ, англ. Abel Makkonen Tesfaye; роден на 16 февруари 1990), професионално познат како the Weeknd ― канадски пејач и текстописец.[2][3] Познат е по неговата нетрадиционална музичка продукција, уметнички инвенции и употреба на фалсет.

The Weeknd
The Weeknd на Канскиот филмски фестивал во 2023 година
Роден(а)Абел Маконен Тесфаје
16 февруари 1990(1990-02-16)(34 г.)
Торонто, Канада
Други имиња
  • The Noise
  • Кин Кејн[1]
Занимање
  • Пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
  • глумец
  • претприемач

Музичка кариера
Жанрови
Издавачи
Активен период2009–денес
Потпис
Страница
theweeknd.com

Тесфаје продал преку 75 милиони музички записи со што се вбројува меѓу музичарите со најголема продажба во светски рамки. Седум негови синглови добиле дијамантски сертификат од Здружението на музички сниматели на Америка (RIAA) и бил прв изведувач кој истовремено имал песни на првите три позиции на Hot R&B/Hip-Hop Songs топ-листата. „Blinding Lights“ станала најпуштана песна во историјата на Spotify, песна со најдобри перформанси во историјата на Billboard Hot 100 и песна од солист која најдолго се задржала на Billboard Hot 100. Во 2020 година Тесфаје се нашол на списокот на Time од највлијателните луѓе во светот, а во изданието на Гинисовата книга на рекорди од 2023 година бил прогласен за „најпопуларен музичар во светот“. Бил назначен за амбасадор на добра волја од Светската програма за храна во 2021 година. Меѓу другите добил: четири Греми награди, 20 Билборд награди, 22 Џуно награди, шест Американски музички награди, три МТВ видео награди, Латинска Греми награда, а бил номиниран за Оскар и Еми награда за серија во ударен термин .

Живот и кариера

уреди

Рани години

уреди

Абел Маконен Тесфаје е роден на 16 февруари 1990 година во Торонто.[4][5] Тој е единец на етиописките доселеници Маконен Тесфаје и Самравит Хаилу, кои се разделиле кратко по неговото раѓање.[2][6] Претежно го одгледела неговата баба бидејќи неговата самохрана мајка често работела за да ги издржува.[5][7] Од баба му го научил амхарскиот јазик (што е и негов мајчин јазик),[8] а исто така течно зборува француски.[9] Студирал на колеџот Вест Хил и на колеџот Бирчмаунт Парк. Во 2007 година го напуштил училиштето и се преселил во Паркдејл, Торонто.[10]

Водејќи хедонистички начин на живот со неговите другари,[5][11] Тесфаје го усвоил уметничкото име поради времето што го оставил за да биде на викенд.[12] Тој отстранил една буква „е“ за да нема проблеми со заштитниот знак на канадскиата поп-рок група the Weekend.[13] Во ова време живеел како бездомник и во неколку наврати бил затворан, што го натерало да се „вразуми“.[14] Во тоа време, Тесфаје исто така често користел дрога, како: кетамин, кокаин, МДМА, магични печурки и сируп за кашлица,[15] наведувајќи дека дрогата била негова „патерица“ додека пишувал музика.[16]

2009–2011: Почетоци на кариерата

уреди

Во август 2009 година, Тесфаје започнал анонимно да објавува музика на YouTube.[17][18] Следната година се запознал со продуцентот Џереми Роуз и почнале да соработуваат на R&B проект. Откако направиле неколку песни, тие се разделиле поради креативни разлики, а на Тесфаје му било дозволено да ги користи песните кои ги направиле заедно под услов Роуз да добие продукциски кредити.[19] Во декември 2010 година, Тесфаје на YouTube под корисничко име „xoxxxoooxo“ ги поставил „What You Need“, „Loft Music“ и „The Morning“.[20][21] Овие песни станале популарни на интернет, а подоцна раперот Дрејк ги ставил во негова блог-статија.[19][22] Песните биле покриени од различни медиуми, меѓу кои биле: Pitchfork и The New York Times.[23]

Во 2011 година, Тесфаје се запознал со музичките директори Васим Слејби и Амир Есмаилијан, со кои ја основал издавачката куќа XO.[24] Пред да го објави неговото прво ЕР, во 2011 година добил признание од критиката преку објавување на три микстејпи: House of Balloons, Thursday и Echoes of Silence. House of Balloons влегол меѓу десетте кандидати за музичката награда Polaris во 2011 година.[25]

2012–2014: Први албуми

уреди
 
Тесфаје настапува на фестивалот во Коачела во 2012 година

Во 2012 година, Тесфаје настапил на неколку фестивали и почнал почесто да одржува концерти. Настапил на Фестивалот во Коачела [26] и имал два распродадени концерти во Њујорк.[26][27] Настапил и на неколку европски фестивали: Примавера Саунд во Шпанија и Португалија[28] и Wireless Festival во Обединетото Кралство. Во септември 2012 година, Тесфаје потпишал со Republic Records; XO се почнала да се смета за подружница. Истиот месец, тој ја започнал неговата прва концертна турнеја, Fall Tour, при што одржал свои концерти и во неколку наврати бил воведен изведувач за англиската група Florence and the Machine.[29]

На 13 ноември 2012 година, Тесфаје го издал Trilogy, компилациски албум кој се состоел од ремиксирани и ремастерирани верзии од неговите микстејпи од 2011 година и три нови песни.[30] Албумот дебитирал на четврто место на американскиот Билборд 200,[31] и бил сертифициран со платина од Здружението на музичките сниматели на Америка (RIAA) и двојно платинест од Music Canada.[32][33] Албумот бил номиниран за наградата „Звукот од 2013“ од Би-би-си.[34]

 
Тесфаје настапува во Маси Хол во октомври 2013 година

На 17 мај 2013 година, Тесфаје ја издал насловната песна од неговиот прв студиски албум, Kiss Land.[4] Албумот бил издаден на 10 септември 2013 година.[35] Дебитирал на второ место на Билборд 200 и добил претежно позитивни критики од музичките критичари.[36] За промоција на албумот заминал на турнеја во Северна Америка и Англија која траела од септември до ноември 2013 година.[37] Од 6 до 13 ноември, тој бил воведен изведувач за Џастин Тимберлејк за време на неговата светска турнеја 20/20 Experience.[38] Тој, исто така, придонел со две песни во саундтракот за филмот Игри на гладните (The Hunger Games: Catching Fire).

Во февруари 2014 година, Тесфаје објавил ремикс на „Dunk in Love“ од истоимениот студиски албум од Бијонсе.[39] На 25 август, Тесфаје соработувал со Аријана Гранде на песната „Love Me Harder“ од вториот студиски албум на Гранде My Everything.[40] На 23 декември 2014 година, Тесфаје ја објавил песната „Earned It“ од саундтракот за Педесет нијанси на сиво (Fifty Shades of Grey (2015)). За синглот, кој се искачил на трето место на Billboard Hot 100, Тесфаје бил номиниран за Оскар за најдобра оригинална песна.[41] Песната ја освоила наградата „Најдобра ар-ен-би изведба“ и била номинирана за „Најдобра ар-ен-би песна“ и „Најдобра песна напишана за визуелни медиуми“ на 58-то доделување на Греми-наградите.[42]

2015–2017: Beauty Behind the Madness и Starboy

уреди
 
Тесфаје настапува на Bumbershoot 2015

Beauty Behind the Madness, вториот студиски албум на Тесфаје, бил издаден на 28 август 2015 година и дебитирал на врвот на Билборд 200.[43][44] Во него гостувале Лабринт, Ед Ширан и Лана Дел Реј. Стигнал до прво место во: Канада, Австралија, Норвешка и Обединетото Кралство.[45][46] Од албумот биле објавени пет синглови, меѓу кои биле и песните кои се искачиле на прво место на Billboard Hot 100: „The Hills“ и „Can't Feel My Face“. Албумот ја содржел и песната „Earned It“ која била номинирана за Оскар и која била главен сингл од саундтракот за филмот „Педесет нијанси сиво“. На 58-мото доделување на Греми наградите во 2016 година, Beauty Behind the Madness ја освоил наградата за „Најдобар урбан современ албум“ и бил номиниран за „Албум на годината“.[13]

Во овој период Тесфаје соработувал со: Кање Вест на песната „FML“ (февруари 2016),[47][48] раперот Future на песната „Low Life“ (март 2016),[49] Бијонсе на песната „6 Inchs“ (април 2016)[50] и диџејот Кешмир Кет на песната „Wild Love“ (2017).[51]

 
Тесфаје на настап на фестивалот Lollapalooza Chile за време на турнејата <i id="mwAg0">Starboy: Legend of the Fall</i> во 2017 година

Третиот студиски албум од The Weeknd бил објавен на 25 ноември 2016 година. На албумот има гостувања од Дафт Панк, Лана Дел Реј, Кендрик Ламар и раперот Фјучр. Како извршни продуценти на албумот, Weeknd и Doc McKinney ангажирале различни продуценти како: Дипло, Кешмир Кет, Метро Бумин, Френк Дјукс и Лабринт, меѓу другите. Starboy бил поддржан од осум синглови, вклучувајќи ги сингловите на прво место на американската Billboard Hot 100: „Starboy“[13] и „ Die for You“ (кој се искачил на врвот на топ-листата по ремиксот со Аријана Гранде) и топ-пет синглот „I Feel It Coming“.

На 23 ноември го објавил краткиот филм МАНИЈА, режиран од Грант Сингер и содржел извадоци од албумот, вклучително и фрагменти од „All I Know“ со Фјучер, „Sidewalks“ со Кендрик Ламар, „Secrets“ и „Die for You“.[52] Во јануари 2019 година, албумот бил сертифициран за тројно платинест од RIAA.[53] Албумот ја добил наградата „Најдобар современ урбан албум“ на 60-тото доделување на Греми наградите.[54]

Во 2017 година, The Weeknd соработувал со: раперот Нав за неговиот прв сингл „Some Way“,[55] раперот Future на песната „Comin Out Strong“,[56] Лана Дел Реј на песната Lust for Life,[57][58] Френч Монтана на песната „A Lie“, Лил Узи Верт на песната „UnFazed“ и со Гучи Мане на песната „Curve“.

2018–2020: My Dear Melancholy и After Hours

уреди
 
Тесфаје на настап во Хонг Конг во ноември 2018 година

На 2 февруари 2018 година, Тесфаје придонел за саундтракот за филмот Црн Пантер со песната „Pray for Me“ која ја извел заедно со Кендрик Ламар. Нумерата се искачила на седмо место на Billboard Hot 100.[59][60]

На 30 март 2018 година, Тесфаје го објавил неговиот прв мини-албум My Dear Melancholy.[61][62] Тој дебитирал на прво место на Билборд 200 со што станал трет последователен албум од Тесфаје на прво место на топ-листата и најкраток албум, според бројот на песни, на врвот на топ-листата во последните осум години.[63]

На 6 јуни 2018 година, Тесфаје ја најавил неговата нова радио-емисија Memento Mori. Првата епизода била емитувана два дена подоцна.[64] На 21 ноември 2018 го издал неговиот прв албум со најголеми хитови The Weeknd in Japan.[65] На 18 април 2019, во соработка со SZA и со Тревис Скот го издал „Power Is Power“ , водечки сингл од саундтракот инспириран од Игра на тронови.[66]

На 27 ноември 2019 година го издал „Heartless“ како водечки сингл од неговиот четврти студиски албум. Синглот „Blinding Lights“ бил објавен на 29 ноември. Синглот дебитирал на единаесеттото место на Billboard Hot 100. „Blinding Lights“ потоа ќе стане прва песна во историјата на оваа топ-листа која цела година се задржала во топ-10.[67] Таа, исто така, станала песна од соло-изведувач која најдолго се задржала на Hot 100; на топ-листата се задржала 90 недели и конечно испаднала на 11 септември 2021 година.[67][68] На 23 ноември 2021 година списанието Билборд ја прогласило „Blinding Lights“ за „Најдобар Hot 100 хит на сите времиња“ откако ја соборила песната „The Twist“ од Чаби Чекер.[67] На 1 јануари 2023 година, со 3,3 милијарди стримови, „Blinding Lights“ станала најстримувана песна на Spotify.[69]

Неговиот четврти студиски албум After Hours бил објавен на 20 март 2020 година. Пред објавувањето на албумот, Weeknd рекол дека After Hours ќе биде стилски контраст со неговиот претходник, Starboy (2016). Албумот бил поддржан од пет синглови: „Heartless“, „Blinding Lights“, насловната песна, „In Your Eyes“ и „Save Your Tears“.

По објавувањето,[70] After Hours дебитирал на врвот на Билборд 200[71] и станал најстримуван R&B албум на сите времиња.[72][73] Тесфаје станал прв изведувач кој истовремено бил на прво место на: Билборд 200, Билборд Хот 100, Billboard Artist 100, Hot 100 Songwriters и Hot 100 Producers.[74][75] Делукс верзијата на After Hours била објавена на 29 март 2020 година и ги содржела нумерите: „Nothing Compares“, „Missed You“ и „Final Lullaby“.[76]

2021–денес: Издавање на албумот Dawn FM и ТВ-серијата Идол

уреди

На 5 февруари 2021 година, Тесфаје го издал неговиот втор албум со најголеми хитови, The Highlights.

На 7 февруари 2021 година, Тесфаје бил главен изведувач на полувремето на Супербол со што станал прв канадски соло изведувач во главна изведба на ова шоу.[77][78][79][80] За изведбата на полувремето бил номиниран за три Еми награди за серија во ударен термин: Извонреден вариетет во живо, извонредно осветлување/насочување на осветлувањето во вариетет и извонредна техничка режија, камера, видео контрола во вариетет.[81]

 
The Weeknd во август 2021 година

Тесфаје го издал неговиот петти студиски албум Dawn FM на 7 јануари 2022 година.[82] По објавувањето, албумот дебитирал на второ место на Билборд 200.[83][84] Тој, исто така, го соборил рекордот за пејач со најмногу песни на Билборд Глобал 200 истовремено, вкупно дваесет и четири песни на топ-листата.[85][86] Покрај „Take My Breath“, Dawn FM бил поддржан од сингловите „Sacrifice“ и „Out of Time“.[87][88]

На 3 март 2023 година, The Weeknd го објавил неговиот прв албум во живо, под наслов Live at SoFi Stadium. Во мај 2023 година, Weeknd изјавил дека има намера да настапува под неговото родено име или под друг псевдоним. Тој рекол дека неговиот следен албум најверојатно ќе биде негов последен албум под псевдонимот Weeknd.[89]

The Weeknd и Сем Левинсон биле косценаристи на ТВ-серијата Идол, а Weeknd и глумел во серијата заедно со Лили-Роуз Деп. Серијата премиерно била прикажана на Канскиот филмски фестивал во 2023 година каде што добила значителни контроверзини критики за графичкиот приказ на голотијата и сексуалната содржина на екранот. Weeknd добил негативни критики за неговата глума, а критичарот Роберт Даниелс од The Playlist напишал: „Тесфаје е исто така ужасен глумец. Нему му недостасува удобност, харизма и шарм“.[90] На 28 август 2023 година, HBO објавиле дека се откажува од Идол по една сезона.[91]

На 8 јуни 2023 година, Weeknd објавил серија на EP со музика од <i id="mwBC8">Идол</i>. Секое EP било објавено по премиерата на секоја епизода од серијата.[92] Подоцна добил покана да стане член на американската Академија за филмски уметности.[93]

Личен живот

уреди

Тесфаје претпочита да го држи својот личен живот подалеку од очите на јавноста.[94][95] На почетокот од кариерата, тој се воздржувал од давање интервјуа и одлучил претежно да комуницира преку Твитер.[96] Тесфаје е православен христијанин.[2][12]

Од април 2015 година до август 2019 година, Тесфаје со прекини бил во врска со американската манекенка Бела Хадид.[97][98] Тој се забавувал со американската пејачка и глумица Селена Гомез од јануари до октомври 2017 година.[99][100] И двете врски добија големо медиумско внимание и беа тема на таблоидни шпекулации.[101][102][103] Од февруари 2022 година, Тесфаје е во врска со диџејката од Саудиска Арабија, Сими Кадра.[104]

Фризурата на Тесфаје, која се смета за една од неговите најпрепознатливи особини, се тврди дека делумно била инспирирана од американскиот уметник Жан-Мишел Баскија.[2][105] Тој ја скратил косата во 2016 година, пред објавувањето на Starboy .

Од август 2021 година, Тесфаје живее во Бел Ер, Лос Анџелес.[106][107] Во 2017 година, за 18,5 милиони долари купил куќа во Хајден Хилс, Калифорнија, која ѝ ја продал на Мадона во 2021 година за 19,3 милиони долари.[108] Тесфаје претходно живеел во надградбени станови во Вествуд, Лос Анџелес [109][110] и во Њујорк.[111][112]

Во април 2023 година, Тесфаје открил дека има АДХД.[113]

Признанија

уреди

Тесфаје има освоено четири Греми награди, Латинска Греми награда, дваесет <i id="mwBv4">Билборд</i> награди, шест Американски музички награди, три МТВ видео награди и дваесет и две Џуно награди.[114] Исто така бил номиниран за Оскар и Еми за серија во ударен термин.[115]

Во октомври 2014 година, Тесфаје ја добил наградата „Алан Слајт“ доделена од страна на канадскиот Булевар на славните за „позитивно влијание во областа на музиката, филмот, литературата, визуелните или изведувачките уметности, спортот, иновациите или филантропијата“.[116]

Дискографија

уреди
  • Kiss Land (2013)
  • Beauty Behind the Madness (2015)
  • Starboy (2016)
  • After Hours (2020)
  • Dawn FM (2022)

Филмографија

уреди
  • Патешествието на Мајкл Џексон од Мотаун до Off the Wall (2016)
  • Uncut Gems (2019)
  • Концерт на полувремето од Супербол (2021)
  • Live at SoFi Stadium (2023)
  • Идол (2023)
  • Ненасловен филм од Треј Едвард Шултс (TBA)

Наводи

уреди
  1. Marsh, Calum (February 16, 2021), „Everything We Know About The Weeknd Before He Blew Up“, Complex, Архивирано од изворникот March 15, 2022, Посетено на May 23, 2021, He apparently also recorded music under the names The Noise and Kin Kane.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Eells, Josh (October 21, 2015). „Sex, Drugs and R&B: Inside The Weeknd's Dark Twisted Fantasy“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на June 15, 2018.
  3. Donnelly, Matt; Sharf, Zack (2023-05-22). 'The Idol' Scandalizes Cannes With Five-Minute Standing Ovation for Lily-Rose Depp's Masturbating Pop Star, Explicit Nudity and the Weeknd's TV Acting Debut“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на October 29, 2023. Посетено на 2023-06-06.
  4. 4,0 4,1 Празен навод (help)
  5. 5,0 5,1 5,2 Caramanica, Jon (July 27, 2015). „Can The Weeknd Turn Himself into the Biggest Pop Star in the World?“. The New York Times Magazine. Архивирано од изворникот на October 1, 2015. Посетено на March 11, 2024.
  6. Mistry, Anupa (December 23, 2011). „Daily Disc: The Weeknd's 'Echoes Of Silence'. Toronto Standard. Архивирано од изворникот на November 29, 2019.
  7. Rivera, Joe (February 7, 2021). „Who is The Weeknd? Super Bowl 55 halftime show performer's songs, lyrics & more to know“. Sporting News. Архивирано од изворникот на February 8, 2021.
  8. Lamb, Karas (September 16, 2013). „The Weeknd Reveals The Origin Of His Name + More“. Okayplayer. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  9. Празен навод (help)
  10. Mistry, Anupa (October 30, 2015), „Why The Weeknd is truly Toronto's very own“, The Globe and Mail, Архивирано од изворникот January 7, 2021
  11. Wagstaff, Keith; Swanson, David (October 26, 2015). „10 Things You Should Know About the Weeknd“. GQ. Архивирано од изворникот на July 4, 2018.
  12. 12,0 12,1 Ehrlich, Brenna (September 13, 2013). „The Weeknd Reveals How He Got His Name... And Where The 'E' Went“. MTV News. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  13. 13,0 13,1 13,2 Празен навод (help)
  14. Lamont, Tom (December 3, 2016). „The Weeknd: 'Drugs were a crutch for me'. The Guardian. Архивирано од изворникот на November 29, 2023. Посетено на March 11, 2024.
  15. Fisher, Luchina (December 5, 2016). „The Weeknd Opens Up About His 'Dark' Past“. ABC News. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  16. Levine, Nick (December 3, 2016). „The Weeknd opens up about 'heavy' drug use“. NME. Архивирано од изворникот на January 7, 2021. Посетено на March 11, 2024.
  17. „10-Year High: The Weeknd's Game-Changing Decade“. Paper (англиски). December 27, 2019. Архивирано од изворникот на March 8, 2022. Посетено на December 20, 2021.
  18. „Everything We Know About The Weeknd Before He Blew Up“. Complex. Архивирано од изворникот на March 15, 2022. Посетено на December 20, 2021.
  19. 19,0 19,1 McGuire, Patrick (March 22, 2012). „How the Producer of The Weeknd's Breakout Tracks Got Majorly Screwed“. Vice. Архивирано од изворникот на December 24, 2012.
  20. Caramanica, Jon (December 31, 2010). „Screams That Charmed, and Other Overlooked Highlights“. The New York Times. Архивирано од изворникот на February 10, 2015.
  21. Stewart, Allison (March 14, 2011). „Singles File: Da Phuture, The Weeknd, Fever Ray“. The Washington Post. Архивирано од изворникот на December 8, 2013.
  22. Shepherd, Julianne Escobedo (March 23, 2011). „Love and Other Drugs: The Weeknd's Altered-State R&B“. WNET. Архивирано од изворникот на November 29, 2020.
  23. Fitzmaurice, Larry (March 4, 2011). „The Weeknd – What You Need. Pitchfork. Архивирано од изворникот на March 26, 2011.
  24. Празен навод (help)
  25. „Polaris Music Prize“. Polaris Music Prize. Архивирано од изворникот на April 9, 2014.
  26. 26,0 26,1 Snapes, Laura (April 16, 2012). „Abel Tesfaye makes his U.S. debut“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на January 7, 2021. Посетено на March 11, 2024.
  27. Krishnamurthy, Sowmya (April 29, 2012). „The Weeknd Mesmerizes at Bowery Ballroom“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на May 26, 2012.
  28. Battan, Carrie (March 1, 2012). „The Weeknd to Headline Pitchfork Stage at Primavera“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на July 16, 2022. Посетено на May 23, 2021.
  29. Hudson, Alex (August 14, 2012). „The Weeknd Schedules More Canadian Dates on North American Fall Tour“. Exclaim!. Архивирано од изворникот на August 1, 2021. Посетено на March 11, 2024.
  30. Diver, Mike (November 13, 2012). „The Weeknd Trilogy Review“. BBC Music. Архивирано од изворникот на April 7, 2024. Посетено на March 11, 2024.
  31. . Los Angeles. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  32. „Gold & Platinum Searchable Database“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на June 26, 2007. Посетено на September 16, 2017.
  33. „Gold and Platinum Search“. Music Canada. Архивирано од изворникот на September 27, 2013. Посетено на March 11, 2024.
  34. „Sound of 2013 Profiles: The Weeknd“. BBC. December 9, 2012. Архивирано од изворникот на December 13, 2012.
  35. Williott, Carl (July 22, 2013). „The Weeknd Unveils 'Kiss Land' Release Date & Cover Artwork“. Idolator. Архивирано од изворникот на October 29, 2023. Посетено на May 18, 2021.
  36. „Kiss Land Reviews“. Metacritic. Архивирано од изворникот на January 7, 2021. Посетено на March 11, 2024.
  37. Battan, Carrie (July 8, 2013). „The Weeknd Announces Big Fall Tour, Kiss Land Out Late Summer“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на May 23, 2021. Посетено на May 23, 2021.
  38. Payne, Chris (November 4, 2013). „The Weeknd To Open For Justin Timberlake On '20/20 Experience' Tour“. Billboard. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  39. Празен навод (help)
  40. „Ariana Grande and The Weeknd Team Up In 'Love Me Harder' Video“. Rap-Up. October 3, 2014. Архивирано од изворникот на October 5, 2014.
  41. Cox, Jamieson (February 28, 2016). „Oscars 2016: Watch The Weeknd reenact his sultry video for Earned It“. The Verge. Архивирано од изворникот на April 18, 2023. Посетено на May 18, 2021.
  42. „Grammys 2016: The Weeknd Wins Two Awards“. PEOPLE.com (англиски). Архивирано од изворникот на September 29, 2021. Посетено на September 28, 2021.
  43. Caulfield, Keith (September 6, 2015). „The Weeknd's 'Beauty Behind the Madness' Debuts at No. 1 on Billboard 200 Chart“. Billboard. Архивирано од изворникот на March 23, 2018.
  44. Caulfield, Keith (September 20, 2015). „The Weeknd spends third week at No. 1 on Billboard 200“. Billboard. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  45. Ryan, Gavin (September 5, 2015). „ARIA Albums : The Weeknd Takes Top Spot On Australian Chart“. Noise11. Архивирано од изворникот на November 30, 2020.
  46. „Top 20 Albums“. Music Canada. Архивирано од изворникот на September 27, 2015.
  47. Guiducci, Mark (May 3, 2016). „The Weeknd on Going From Indie R&B Enigma to the Pacesetting Prince of Pop“. Vogue. Архивирано од изворникот на May 18, 2021. Посетено на May 18, 2021.
  48. Hooton, Christopher (February 12, 2016). „The Life of Pablo tracklist: Kanye West's new album features Frank Ocean, The Weeknd and Young Thug“. The Independent. Архивирано од изворникот на June 20, 2022.
  49. „Listen: The Weeknd Surprises Fans By Dropping Two New Songs!“. CKIS-FM. December 27, 2015. Архивирано од изворникот на December 4, 2020.
  50. „Listen to The Weeknd and Belly's Demo Version of Beyoncé's "6 Inch". Complex. October 31, 2016. Архивирано од изворникот на April 22, 2023. Посетено на April 22, 2023.
  51. Morris, Jesse (August 24, 2016). „It Sounds Like a Weeknd and Cashmere Cat Collab Is on the Way“. Complex Networks. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  52. „Watch The Weeknd's New Short Film Mania“. Pitchfork. November 23, 2016. Архивирано од изворникот на November 24, 2016.
  53. „Gold & Platinum - RIAA“. Recording Industry Association of America. February 1, 2021. Архивирано од изворникот на February 1, 2021. Посетено на September 29, 2021.
  54. „NewsAlert: Starboy Wins Best Urban Contemporary Album for the Weeknd“. National Post. The Canadian Press. January 28, 2018. Архивирано од изворникот на January 7, 2021. Посетено на April 16, 2019.
  55. Blistein, John (February 16, 2017). „Hear the Weeknd's Sultry 'Some Way' Collaboration With Nav“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  56. Brandle, Lars (February 24, 2017). „Future Releases New Album 'HNDRXX' Featuring The Weeknd and Rihanna: Listen“. Billboard. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  57. Gaca, Anna (April 19, 2017). „For Better or Worse, Lana Del Rey and the Weeknd's "Lust for Life" Is a Lana Del Rey Song“. Spin. Архивирано од изворникот на May 25, 2021. Посетено на May 25, 2021.
  58. Pearce, Sheldon (April 20, 2017). „Lana Del Rey "Lust for Life" ft. The Weeknd“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на April 22, 2017. Посетено на May 25, 2021.
  59. Boykins, Austin (January 31, 2018). „TDE Reveals Loaded Tracklist for 'Black Panther' Soundtrack“. Hypebeast. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  60. Madden, Sidney (February 2, 2018). „Kendrick Lamar And The Weeknd Team Up For 'Pray For Me'. NPR.org (англиски). Архивирано од изворникот на February 2, 2018. Посетено на August 15, 2021.
  61. Sargent, Jordan (March 29, 2018). „The Weekend Announces New Album 'My Dear Melancholy,'. Spin. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  62. „Is The Weeknd Dropping A New Album This Week?“. Vibe. March 27, 2018. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  63. Празен навод (help)
  64. Penrose, Nerisha (June 6, 2018). „The Weeknd Announces New Beats 1 Radio Show Memento Mori“. Billboard. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  65. „ザ・ウィークエンド・イン・ジャパン(シングルス・コレクション“ [The Weeknd in Japan (Singles Collection)] (јапонски). Universal Music Group. Архивирано од изворникот на October 20, 2019.
  66. Pearce, Sheldon (April 18, 2019). „SZA / The Weeknd / Travis Scott 'Power Is Power'. Pitchfork. Архивирано од изворникот на April 19, 2019.
  67. 67,0 67,1 67,2 Празен навод (help)
  68. „The Weeknd's "Blinding Lights" Is Now the Longest-Charting Billboard Hot 100 Song of All Time“. Complex (англиски). Архивирано од изворникот на September 29, 2021. Посетено на September 29, 2021.
  69. The Weeknd's 'Blinding Lights' becomes the most-streamed song on Spotify (англиски), January 4, 2023, Архивирано од изворникот на January 31, 2023, Посетено на January 31, 2023
  70. Strauss, Matthew (March 20, 2020). „Listen to the Weeknd's New Album After Hours“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на March 20, 2020.
  71. Caulfield, Keith (March 29, 2020). „The Weeknd's 'After Hours' Debuts at No. 1 on Billboard 200 Chart With Biggest Week of 2020“. Billboard. Архивирано од изворникот на March 29, 2020.
  72. „THE WEEKND CAPTURES #1 ALBUM AND #1 ON BILLBOARD HOT 100 WITH AFTER HOURS AND BLINDING LIGHTS“. Umusic (англиски). Архивирано од изворникот на November 26, 2021. Посетено на November 26, 2021.
  73. McIntyre, Hugh. „The Weeknd Scores The Largest Streaming Week Ever For An R&B Album“. Forbes (англиски). Архивирано од изворникот на November 26, 2021. Посетено на November 26, 2021.
  74. Trust, Gary (April 1, 2020). „The Weeknd on Being the First Artist to Top These 5 Charts at Once: 'It Feels Like a Huge Blessing' (Exclusive)“. Billboard. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  75. Zellner, Xander (April 8, 2020). „The Weeknd also repeats at No. 1 on the Billboard 200, Hot 100 & Artist 100“. Billboard. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  76. Празен навод (help)
  77. McCarriston, Shanna (November 12, 2020). „Super Bowl LV: The Weeknd announced as Pepsi Halftime Show performer“. CBSSports.com. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  78. O'Connor, Roisin; Michallon, Clémence (February 8, 2021). „Super Bowl halftime show live: The Weeknd performs with dancers in face bandages at 2021 game“. The Independent. Архивирано од изворникот на February 8, 2021.
  79. Steussy, Lauren; DeNinno, Nadine (February 8, 2021). „What happened to The Weeknd's face at Super Bowl 2021 halftime show?“. New York Post. Архивирано од изворникот на February 8, 2021.
  80. „Best of The Weeknd and the Super Bowl 55 halftime show“. USA Today. February 7, 2021. Архивирано од изворникот на February 9, 2021.
  81. Libbey, Peter (July 13, 2021). „Emmys 2021: The List of Nominees“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Архивирано од изворникот на December 28, 2021. Посетено на July 14, 2021.
  82. Corcoran, Nina; Monroe, Jazz (January 3, 2022). „The Weeknd Releasing New Album Dawn FM This Week“. Pitchfork (англиски). Архивирано од изворникот на January 3, 2022. Посетено на January 3, 2022.
  83. Празен навод (help)
  84. „Gunna's 'DS4EVER' Scores the No. 1 Spot on the Billboard 200 as The Weeknd's 'Dawn FM' Debuts at No. 2“. Complex (англиски). Архивирано од изворникот на January 18, 2022. Посетено на January 19, 2022.
  85. „The Weeknd Breaks Billboard Global 200 Record With 'Dawn FM'. Complex (англиски). Архивирано од изворникот на October 29, 2023. Посетено на January 20, 2022.
  86. Празен навод (help)
  87. „Watch The Weeknd's New Video for "Sacrifice". Complex (англиски). Архивирано од изворникот на January 8, 2022. Посетено на April 20, 2022.
  88. Avila, Daniela (April 5, 2022). „The Weeknd Drops a Creepy, Karaoke-Singing 'Out of Time' Music Video — and It Features Jim Carrey!“. People (англиски). Архивирано од изворникот на October 29, 2023. Посетено на April 19, 2022.
  89. Holmes, Helen (May 8, 2023). „The Weeknd Doesn't Want to Be The Weeknd Anymore“. The Daily Beast. The Daily Beast Company LLC. Архивирано од изворникот на May 8, 2023. Посетено на May 8, 2023.
  90. 'The Idol' Review: Sam Levinson's Crude Provocation With The Weeknd & Lily-Rose Depp Is Gross & Sexist [Cannes]“. The Playlist. Архивирано од изворникот на June 19, 2023. Посетено на June 19, 2023.
  91. Campione, Katie (2023-08-28). 'The Idol' Canceled At HBO After One Season“. Deadline (англиски). Архивирано од изворникот на August 29, 2023. Посетено на 2023-08-29.
  92. Galindo, Thomas (April 12, 2023). „The Weeknd Announces Soundtrack for Upcoming HBO Series 'The Idol'. American Songwriter. Архивирано од изворникот на May 18, 2023. Посетено на June 12, 2023.
  93. Pedersen, Erik (2023-06-28). „Movie Academy Invites Nearly 400 New Members Including Taylor Swift, Ke Huy Quan, The Daniels & Austin Butler“. Deadline. Архивирано од изворникот на September 13, 2023. Посетено на 2023-06-28.
  94. „Why The Weeknd Wants to Keep an Air of "Mystery" About His Personal Life“. E! Online. August 3, 2017. Посетено на May 22, 2022.
  95. Празен навод (help)
  96. Lau, Melody (July 25, 2011). „Mysterious R&B singer sells out first show“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  97. Lindig, Sarah (October 10, 2015). „Bella Hadid Spends Her Birthday Weekend with the Weeknd“. Elle. Архивирано од изворникот на October 11, 2015.
  98. „Why Bella Hadid and The Weeknd Reportedly Broke Up for the Second Time“. Elle. August 6, 2019. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  99. Yagoda, Maria (May 25, 2017). „Everything We Know About Selena Gomez and The Weeknd's Whirlwind Romance“. People. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  100. Chiu, Melody; Adams, Char (October 30, 2017). „Selena Gomez and The Weeknd Split After 10 Months Together“. People. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  101. Walsh, Savannah (February 6, 2021). „Bella Hadid and The Weeknd's Complete Relationship Timeline, Through Every Breakup and Reconciliation“. ELLE (англиски). Посетено на May 23, 2022.
  102. „Why Did Selena Gomez Go Public—And Then Private—With Her Relationship With The Weeknd?“. Vogue (англиски). January 30, 2017. Посетено на May 23, 2022.
  103. „A Breakdown of The Weeknd's Most Emo Lyrics About Selena Gomez and Bella Hadid On His New EP“. W Magazine (англиски). March 30, 2018. Посетено на May 23, 2022.
  104. Lutkin, Aimeé (April 16, 2023). „All About The Weeknd's Girlfriend Simi Khadra“. Elle. Посетено на November 10, 2023.
  105. Leung, Andrew (February 10, 2016). „The Weeknd's Hair: It's More Than an Homage to Basquiat“. Mic.
  106. Clarke, Katherine (August 19, 2021). „The Weeknd Buys $70 Million Mansion in One of L.A.'s Biggest Deals of the Year“. The Wall Street Journal (англиски). ISSN 0099-9660. Архивирано од изворникот на August 21, 2023. Посетено на November 4, 2021.
  107. „The Weeknd Drops $70 Million on a Massive Bel Air Mansion“. Architectural Digest (англиски). August 20, 2021. Архивирано од изворникот на August 26, 2023. Посетено на November 4, 2021.
  108. „Madonna Drops $19.3 Million on The Weeknd's Hidden Hills Estate“. The Hollywood Reporter. April 12, 2021. Архивирано од изворникот на October 23, 2023.
  109. Leitereg, Neal J. (November 21, 2019). „The Weeknd buys a penthouse in Westwood's Beverly West for $21 million“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на March 7, 2024.
  110. Strum, Beckie (November 22, 2019). „The Weeknd Snaps Up $21 Million Los Angeles Penthouse“. Mansion Global.
  111. Halberg, Morgan (May 1, 2020). „The Weeknd Isn't Giving Up His Tribeca Penthouse Just Yet“. The New York Observer. Архивирано од изворникот на January 8, 2024.
  112. Brandt, Libertina (March 31, 2022). „Home for The Weeknd: How the R&B Superstar Built a Property Portfolio Worth Millions“. www.mansionglobal.com (англиски). Архивирано од изворникот на October 23, 2023. Посетено на April 4, 2022. The Weeknd no longer rents the unit, according to a source with knowledge of his holdings.
  113. O. Harris, Jeremy (April 14, 2023). „The Weeknd Introduces Us to Abel Tesfaye“. Interview. Архивирано од изворникот на December 9, 2023.
  114. Bell, David (April 3, 2016). „The Weeknd really cleaned up this Juno Awards weekend“. CBC News. Архивирано од изворникот на January 7, 2021.
  115. „The Weeknd“. Grammy Awards. Архивирано од изворникот на April 19, 2017.
  116. (14 февруари 2015). "The Weeknd honoured with Allan Slaight Award from Canada's Walk of Fame". Соопштение за печат.

Надворешни врски

уреди
  NODES
Done 1
eth 1
games 1
News 5
orte 2